Промовирани огласи »

Австрија ја објави деталната листа со дефицитарни професии во таа држава за наредната 2022 година во која се наведени 66 професии, за поединечни покраини дефинирана е посебна листа на професии.

Станува збор за Регулација за стручна работна сила, односно дефицитари професии за 2022 година, врз основа на Законот за вработување на странци, за работн места на подрачјето на цела Австрија, наведуваат од австриската амбасада Сараево.

Според објавената листа, некои од професиите за кои постои побарувачка се дипломирани медицински сестри/техничари, готвачи, молери и автомеханичари, стаклари, ѕидари, бравари, кровопокривачи, електротехничари-инженери.

На листата дефицитарни професии се и инженери за информациони технологии, столари, лимари, лекари, заварувачи, градежни работници, инсталатери и монтери на цевки, дипломирани машински инженери, оптичари, даночни советници, месари и други.

Промовирани огласи »

Цел свет зборува за омикрон, нов вид на корона кој за кратко време е регистриран во повеќе од 100 земји низ светот, а во некои веќе стана доминантен. Експертите велат дека предизвикува полесни клинички слики и различни симптоми од претходните варијанти, но дека е многу позаразна.

Меѓу другото, сојот омикрон има „способност“ да ги зарази оние кои веќе го поминале ковидот, а ризикот за тоа, откри д-р Милика Ашанин во утринските вести на РТС.

Експертите постојано нагласуваат дека ситуацијата е нестабилна, мора да следиме што се случува во регионот, што во другите земји. На пример, видот делта доминираше во Америка, речиси 100 проценти од заразените го имаа сојот делта, а потоа за две недели беше присутен видот омикрон, во три четвртини од заразените. Мора да бидеме внимателни, да се подготвиме за секое можно сценарио, видот омикрон дефинитивно продира, луѓето многу лесно се заразуваат, дури и оние кои го преболеле имаат 40 проценти ризик да се заразат со овој вид. Мора да бидеме подготвени за краток период да згрижиме голем број заразени, предупреди докторот, а ја коментираше и актуелната епидемиолошка состојба во Србија.

Ситуацијата е поповолна, но сепак нестабилна, многу кревка, лесно може да се распадне. Имаме надолен тренд кај новозаболените пациенти, но во последните денови бележиме пораст на пријавени новозаболени пациенти, па дури и зголемување на приемите во нашите болници со Ковид. Во Батајница моментално има 350 пациенти, од кои 44 се на одделението за интензивна нега, 25 се интубирани, рече српскиот лекар.

Извор: Блиц.рс

Промовирани огласи »

Rolls-Royce започна со јавно тестирање на својот прв целосно електричен сериски автомобил, Spectre, пред лансирањето на пазарот во втората половина од 2023 година.

Spectre ќе биде гранд-турер со две врати, со карактеристична долга хауба и мускулести пропорции - карактеристики што го поставуваат како остварлива замена за Wraith, кој првпат беше пуштен во продажба во 2013 година.

Што се однесува до цената, можеме да претпоставеме дека ќе биде во опсегот од шест цифри со веројатна почетна цена од околу 400.000 долари.

Промовирани огласи »

Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, (над 150 μg/m3 среднодневни концентрации на ПМ10) на мерните станици во Центар, Лисиче, Гази Баба и Ректорат, Градот Скопје ги информира граѓаните дека ги прогласува следните мерки од прв степен – предупредувања и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:

  • Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници
  • Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје
  • Ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје
  • Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.
  • Зачестено машинско миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.
  • Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.
  • Апел до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.
  • Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »