Промовирани огласи »

KARIERA.mk разговараше со Маја Коуфакис од Boutique de la Parfumerie.

Како дојдовте до идејата да ја отворите вашата парфимерија во Скопје?

Долги години сме во брак со грчки државјанин, имаме живеалиште во Атина веќе 10 години. Таму во секое населено место има по една ваква продавница. Кога отвори таква продавница во мојата населба тоа беше љубов на прв поглед! Ме освои прекрасната продавница и  парфемите, поради што јас станав нивна редовна муштерика долги години. Откако се вратив во Македонија, сакав да ја споделам таквата убавина и со мојот народ и да им овозможам и тој да уживаат во квалитетот на парфемите по многу поволни цени.

Кажете ни нешто повеќе за брендот од каде потекнува и кои се спецификите по кои се разликува од сите други парфимерии?

Франшизата на нашиот бренд Boutique de la Parfumerie потекнува од Грција, а парфемите се произведуваат во Франција, во фабрика каде што се произведуваат во нивната оргинална верзија. Овие парфеми се наливни па затоа содржат 2% повеќе есенција од оргиналната верзија и со самото тоа и нивната трајност и јачина се подолгорочни.

Нашиот бренд се издвојува од останатите по тоа што имаме доста голем избор на парфеми. Кај нас можете да го најдете стариот добар парфем што некогаш сте го користеле, а веќе не се произведува како и најновиот парфем што е лансиран само 2 или 3 месеци претходно. Исто така квалитетот и концептот на нашата услуга се доста уникатни затоа што се точат парфемите на самото место пред купувачот во убава атмосфера со пријатен и љубезен персонал кој ги пакува парфемите во убава амбалажа. Наша цел е купувачите да бидат задоволни со нашите производи.

Кажете ни како ја направивте селекцијата на вработени, колку во тоа помогна KARIERA.mk како сервис за огласување на слободни работни места во вашиот салон и како изгледа едно интервју за вработување?

Можам слободно да кажам дека благодарение на Кариера.мк имав можност да оформам една многу добра и квалитетна екипа на вработени, сега за сега само женски, но тоа не значи дека машките се исклучени. Со огласувањето на Кариера.мк ми се овозможи да имам голем одзив на огласот со многу испрани CV  од различни апликанти. Навистина изборот беше голем, а вредеа и направените интервјуа со голем број на девојки кои беа запознаени со целиот концепт на нашиот бизнис и се друго за што е потребно да бидат упатени.

Бидејќи се работи за специфична гранка во бизнисот за козметика и убавина какво е вашето мислење за македонските купувачи на ексклузивни добра и каков е вашиот реален впечаток од досегашната работа?

Најважно од се е да го сакаш тоа што го работиш. На мое големо задоволство сакам да кажам дека за изминативе два месеци постигнавме особено голем успех во продажбата на овие квалитетни парфеми по неверојатно достапни цени за овој пазар во новоотворениот трговски центар East Gate Mall каде се наоѓа нашата продавница. Имаме огромен број на задоволни потрошувачи, а тоа е клучот што не прави да бидеме посилни и да не отстапуваме од нашиот квалитет.

Тагови: Boutique de la parfumerie

Промовирани огласи »

НЕМА МОБИНГ ВО ЗЕМЈАВА: За пет години усвоени само осум тужби

Мобингот се смета за секојдневие

Законот за заштита од вознемирување на работно место е донесен во 2013 година. Три години подоцна, во 2016-та, донесена е и првата пресуда за психичко вознемирување на работно место. Во пресудата, судот наложува тужените да престанат со психичкото вознемирување на работното место на тужителот и да овозможат соодветно вреднување на неговата работа. Оттогаш, предмети по овој основ се заведени само во седум од вкупно 26 Основни судови на територијата на Република Северна Македонија.

Според информациите до кои дојде МИА преку Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, во 26-те Основни судови на територијата на Република Северна Македонија, во изминатите пет години се заведени вкупно 70 предмети по основ Вознемирување на работно место. Од нив, како неосновани се одбиени 26 тужбени барања, додека, усвоени осум. Делумно усвоени се две барања, во тек се 19 предмети, еден е во прекин, а повлечени се 14 тужбени барања.

Промовирани огласи »

ДВЕ НОВИ ПАТАРИНИ ОД СКОПЈЕ ДО ШТИП НАПРОЛЕТ: Ќе се зголемуваат приходите на ЈП за патишта

Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, ставање во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип

Над 46,4 милиони евра е годишниот приход од наплата на патарини на Јавното претпријатие за државни патишта во минатата година, што е за 2,8 милиони евра повеќе во однос на 2019, а за 12,1 милион евра повеќе во однос на 2020 година. Над 25 проценти од вкупните средства лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10. Годинава ЈПДП очекува приход од над 50 милиони евра, ставање во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип, како и електронски систем на наплата на постојните патарини на Коридор 8.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми во интервју за МИА вели дека наплатната служба при ЈПДП во 2021-ва иако беше година на пандемија и ограничени можности за непречен сообраќај меѓу државите оствари рекорден приход и историски успех во 35-годишното постоење. И покрај затворени гранични премини до втората половина на мај, посочува Рустеми, наплатната служба успеа одлично да ја организира и контролира работата и при тоа да оствари промет во 2021 година кој е за 36 проценти повеќе во споредба со 2020 година, а во однос на претходно рекордната 2019 година зголемувањето е за шест проценти.

Според досегашниот остварен годишен промет од наплата, зголемувањето е  над 170.000.000 денари (2,8 милиони евра) повеќе од 2019 година, додека во однос на 2020 година зголемувањето е за 747.583.000 денари (или 12.155 милиони евра) повеќе остварен промет од наплата на патарина. Во 2019 година вкупно беше остварен приход од 2.681.866.666 (или 43,6 милиони евра), додека во 2020 година остварениот приход изнесуваше 2.092.9818.055 денари (или 34.029.562 евра). Оваа календарска година приходот е 2.853.668.980 денари (или над 46,4милиони евра). Овие суми на приходи се однесуваат само за остварен промет од наплата на патарина, продажба и надополнување на електронски уреди, а над 25 проценти од вкупно наплатени возила е остварен преку електронската наплата на Коридор 10, наведува Рустеми во интервјуто, што МИА ќе го објави дополнително.

Во голема мерка да се остварат овие резултати, како што вели, придонесе и Современиот мониторинг центар, кој е направен по европските стандарди за следење и организирање на работата.

Со оглед на постигнатите резултати во електронската наплата наш фокус годинава ќе биде продолжување на процесот на модерницазија на патарините. И оваа 2022 година во однос на наплатната служба имаме поставено високи цели, кои ќе станат реалност со отворањето на двете нови наплатни станици Преод и Кадрифаково, и се предвидува годишниот приход да биде над 50 милиони евра, а годинава ќе го воведеме електронскиот систем на наплата и на Коридорот 8, најавува директорот на ЈПДП.

Во тек е изработка на проектна документација за реконструкција и имплементација на електронски систем за наплата на постојните наплатни станици на Коридор 8. По целосно одобрување на проектната документација од надлежните органи и институции  Рустеми најавува дека ќе започне и реализацијата на терен. Се очекува модернизацијата  на наплатните станици на Коридор 8 да стартува по првиот квартал од годинава.

Имајќи ги во предвид временските прилики и сезоната кога градежните работи најчесто паузираат, посочува, завршувањето на изградбата и имплементацијата на електронскиот систем за наплата на наплатните станици Преод и Кадрифаково се очекува да заврши кон крајот на април годинава.

Зголемувањето на приходите значи и зголемување на инвестициите, зголемување на градбите, рехабилитациите, реконструкциите, изградба на нови патишта, доизградба на започнатите патишта, подобрување и подобро одржување на патната инфраструктура во држава со крајна цел сигурни и безбедни патишта за граѓаните, истакнува Рустеми.

Промовирани огласи »

СТРУЈА, ПАРНО ВО ВИС, ПЛАТИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 0: Синдикатот ќе „стиска тупаница“

Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници

Политичарите и пратениците на работниците им ја честитаа новата 2022 година со зголемена минимална плата и плати од 0 проценти, зголемена цена на електрична енергија за 9,48 отсто, зголемена цена на парно греењето за 14,05 отсто, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Затоа, додаваат, дошло времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница.

Бидејќи никој не се јави, одважи и ја изгласа иницијативата на ССМ за минималната плата на работникот да изнесува 60% од просечната или 18.000ден и усогласување и пораст на сите останати плати на работниците и да важи од 1 јануари 2022 година согласно порастот на сите животни трошоци: цените во продавниците, маркетите, пазарите, стујата, парното и се останато…

Им „заблагодаруваме” на сите политички партии и ненародните пратеници за се што дозволија и оставија да се зголеми пред Нова година освен минималната плата и сите останати плати на работниците!!!

Ова покажува колку работникот е маргинилизиран и небитен за политичарите и ненародните избраници – пратеници!

Па затоа дојде времето вредната работничка рака да стане стисната тупаница во борбата за егзистенција“, се вели во соопштението.

Тагови: парно греење Сојуз на синдикатите (ССМ)

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »