Промовирани огласи »

Еден маж од Париз ја тужел својата компанија во која работел затоа што работата му била здодевна, а тој се чувствувал како да не ја заработувал платата. Сега компанијата треба да му исплати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Во 2014 година, Фредерик Деснард се вратил да работи за францускиот производител на луксузни парфеми „Interparfums“, по 7 месеци боледување. Како што навел неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад кој го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа поради која бил неколку дена во кома, пишува „Felix Magazine“.

Иако бил вреден работник, по враќањето од боледување компанијата наводно потполно го занемарила. Тој своето време го поминувал „извршувајќи обврски“ за директорот на „Interparfums“. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било гајле дали ќе се појави на време и тоа траело 4 години.

Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и се срамев што не заработував плата, а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во компанијата, изјавил Фредерик Деснард на суд.

Виктор Билебо, адвокатот на Деснард, рекол дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во одбраната тврделе дека Деснард никогаш не кажал ништо за тоа дека му е здодевно.

Во 2020 година, Деснард поднел тужба до судот за работни односи и барал отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдела дека тој никогаш не поднел жалба, судот се согласил дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата била потврдена на крајот на 2020 година од Апелациониот суд во Париз.

Промовирани огласи »

АД ЕСМ ги поздравува мерките кои ги преземаат Владата и Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за надминување на кризата со снабдување со електрична енергија и на кризата со снабдување со топлинска енергија.

Согласно Уредбата донесена на вчерашната седница на Владата во врска со кризата настаната во снабдувањето со топлинска енергија и дополнителните одлуки кои ќе следуваат, АД ЕСМ ќе го преземе раководењето со БЕГ до завршувањето на кризата со снабдување со топлинска енергија. Преземањето на управувањето со трите субјекти на БЕГ, (Производство, Дистрибуција и Снабдување) и со топлификација АД Скопје Север се очекува во текот на претстојната недела, откако АД ЕСМ ќе ги добие потребните одлуки и задолженија од страна на Владата, информираат од компанијата.

Од ЕСМ посочуваат дека во меѓувреме потпишале договор со Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија ТЕ-ТО АД Скопје. „Со тој договор ТЕ-ТО ќе го зголеми обемот на производство на електрична и на топлинска енергија, односно ќе работи со максимален капацитет, седум дена во неделата наместо пет дена како досега и ќе го исполнува максимално инсталираниот капацитет од 227 мегавати.

Електричната енергија ќе ја презема АД ЕСМ, додека зголеменото количество топлинска енергија кое произлегува од процесот ќе се испорачува кон БЕГ и Скопје Север, односно во топлинската мрежа во градот Скопје“, се објаснува во соопштението.

Греењето во Скопје нема да се исклучува во вечерниот термин до 22 часот како што беше утврдено досега, туку топлинска енергија за корисниците ќе се испорачува до 1 часот по полноќ.

До денот на преземањето на БЕГ од страна на АД ЕСМ, сите трошоци за испораката на греењето во Скопје ќе ги сноси ТЕ-ТО.

Промовирани огласи »

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев оценува дека цената на електричната енергија на берзите долгорочно ќе се стабилизира од 80 до 120 евра за мегават час. Во интервју за МИА вели дека во текот на цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година и ќе падне до 120 или 130 евра, но повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час.

На прашањето дали беше неопходно укинувањето на дневната евтина тарифа на струјата , Анѓушев посочува дека доколу тоа не де случи, тогаш ќе се покачи цената на струјата.

Пресметката на цената на електричната енергија е една формула во која влегуваат повеќе компоненти. Ако останеше евтината тарифа веројатно, а притоа Владата имала одреден волумен на пари или одредена сума на пари коишто планирала да ги потроши за субвенционирање, во тој случај тие 9,48 отсто покачување ќе беа повисоки. Значи на крајот на краиштата сето тоа се сведува на тоа колку дома ќе произведете енергија и по која цена ќе ја продадете, колку енергија ќе увезете. Цената е микс на тие компоненти. Ако го гледаме чистиот микс веројатно покачувањето требаше да биде 30-40-50 проценти. Е сега, од тоа реално покачување до покачување од 10 проценти е субвенција на државата која што ја дава во цената и тоа е равенка со неколку непознати во коишто ако евтината тарифа не ја укинете тогаш повеќе ќе ја покачите цената на струјата и обратно.

Промовирани огласи »

Зголемување на пенизиите ќе биде една од првите одлуки на новата влада, но и раст на минималната и просечната плата, најави претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски во своето експозе на денешната собраниска седница.

Порастот на минималната плата ќе продолжи како и растот на просечната. Во првата половина на 2022 година ќе го иницираме и заокружиме економско-социјалниот дијалог за утврдување на новата методологија за пресметка и порастот на нивото на минималната плата, истакна Ковачевски.

Одржувањето на животниот стандард и куповната моќ на населението мора да се задржи и зголеми. За таа цел, една од првите мерки на новата влада ќе биде поддршка на пензионерите, преку посебно зголемување на пензиите, порача Ковачевски.

Тој најави раст на Бруто домашниот производ до пет проценти.

Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5%, на 5% просечен раст. Ова ќе го постигнеме преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и значајно зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции, посочи Ковачевски.

Тој се осврна и на мерките што новата влада ќе ги преземе во делот на енергетиката, со цел да се зголеми производството од домашните капацитети за да се намали потребата од увоз на скапа електрична енергија.

Владата ќе спроведе стратегија која на краток, среден и долг рок ќе обезбеди сигурност со снабдувањето на енергенси и одржливост на енергетскиот систем. Фокусот на обновливите извори на енергија и ефикасното искористување на расположливите природни ресурси, како што се сонцето, ветерот и водата претставуваат основа на македонската енергетска револуција, рече Ковачевски.

Тој потенцира дека со зголемување на домашното производство на електрична енергија преку инвестиции во нови зелени енергетски инфраструктурни проекти е вистинскиот пат кон обезбедување на енергетската независност на Република Северна Македонија.

Во овој контекст, заштита на животната средина останува врвен приоритет бидејќи тоа значи обезбедување на здрава и сигурна иднина на следните генерации. Се залагаме за долгорочен одржлив развој што се темели на грижливо користење на природните ресурси, заклучи Ковачевски.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »