Промовирани огласи »

Форбс ја објави листата на најплатени Јутубери во 2021 година.

На прво место беше Џими Доналдсон, попознат како MrBeast.

Неговите клипови на YouTube имаат повеќе од 10 милијарди прегледи, а му донесоа профит од 54 милиони долари.

Минатата година заработил повеќе од најдобрите спортисти во светот како Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Леброн Џејмс, Кристијано Роналдо, кои сите заработиле околу 40 милиони долари.

Џими го надмина 10-годишниот рецензент на играчки Рајан Каџи, кој беше на врвот на листата во последните две години.

Во 2020 година, MrBeast, како второпласиран, заработил 24 милиони долари, со три милијарди прегледи и 47,8 милиони претплатници, што значи дека има повеќе од двојно зголемен приход и повеќе од тројно зголемен број на прегледи за една година.

На второто место се најде Џејк Пол, третото го зазеде Маркиплиер, потоа американското комично дуо Рет и Линк, а потоа и Нејтан Џонсон Греам.

Истражувањата покажуваат дека во 2021 година, платформата YouTube имала 2,3 милијарди корисници ширум светот.

Новинарот Крис Стокел-Вокер вели дека YouTube се повеќе ја заменува телевизијата, а заработката на таа платформа покажува дека објавената содржина е квалитетна.

Промовирани огласи »

Денес е “Blue Monday” - Син понеделник. Третиот понеделник во јануари го носи тоа име и важи за најдепресивниот ден во годината. Се смета дека е предизвикан од постпразничната криза, вината за непочитување на зацртаните новогодишните резолуции, студеното време и други фактори, а оваа година паѓа на 17ти јануари.

Нептун ве радува на најтажниот ден во годината! - Нептун Македонија, компанијата која е лидер на пазарот за малопродажба на апарати за домаќинство, се потруди на граѓаните на нашата држава овој “Blue Monday” да биде поинаков! Нептун денес организира голема акција haPPiest day - Само еден најсреќен ден! со цел да предизвика радост и среќа кај купувачите, со попусти и одлични понуди во сите продуктни категории. Понудата вклучува врвни модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина.

Акцијата важи за купување во Нептун продажните салони ширум Македонија, но и за онлајн продажба преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација за онлајн шопинг. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, ИЗБЕРЕТЕ ГО НАЈДОБРОТО ЗА НАЈДОБРА ЦЕНА! ПОБРЗАЈТЕ!

Промовирани огласи »

Австриската влада денеска го претстави нацрт-законот со кој од февруари се воведува задолжителна вакцинација во таа земја.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер најави дека задолжителната вакцинација ќе стапи на сила на почетокот на февруари, а преодната фаза без казни ќе трае до средината на март.

Од 16 март, како што беше речено на прес-конференцијата, ќе следат казни за оние кои не се вакцинирани.

Во Австрија обврската за вакцинирање ќе важи за сите граѓани на возраст над 18 години, а од оваа мерка се изземени бремените жени и сите лица кои не можат да се вакцинираат од медицински причини.

Предлог-законот предвидува казни од 600 до 3.600 евра.

Нехамер изрази уверување дека предлог-законот ќе биде усвоен во парламентот, бидејќи се работи за тема која се однесува на општото здравје.

Ние не сме поединци кои живеат одвоени едни од други, ние сме општество, подвлече тој.

Нехамер рече дека не станува збор за борба против вакцинираните и невакцинираните или за форма на дискриминација, туку за заштита на граѓаните.

Обврската за вакцинација се воведува во три фази.

Од почетокот на февруари до 14 март ќе се спроведе првата, преодна фаза, при што дописно ќе бидат информирани сите домаќинства за мерката.

Потоа, во втората фаза статусот на вакцинација станува, како што истакна, предмет на контрола.

Ако некој се најде без вакцинација, мора да смета на извештајот, а рамката за глоба е од 600 евра по скратена постапка до 3.600 евра во подолга постапка, доколку лицето поднесе жалба.

Владата потоа ќе ги одреди датумите кога ќе ја анализира листата на вакцинирани и повторно ќе го поднесе барањето за вакцинација до невакцинираните лица.

Доколку биде потребно поради епидемиолошката состојба ќе стапи на сила и третата фаза која предвидува Владата да го определи датумот до кој сите мора да се вакцинираат, а врз основа на изводот од регистарот на вакцинирани сите кои не биле вакцинирани ќе биде казнети.

„Вакцината штити и ги штити нашите сограѓани“, подвлече министерот за здравство Волфганг Микштајн.

Австрискиот парламент се очекува во четврток да го усвои законот со кој се воведува задолжителна вакцинација.

Предлог-законот однапред ќе помине на комисијата за здравство.

За донесување на законот е потребно просто мнозинство, со кое располага владејачката коалиција на Народната партија на Австрија (ОВП) и Зелените, а поддршка најавија и опозициската Социјалдемократска партија (СПО) и Неос.

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) целосно го отфрла овој закон, а таа партија во неколку наврати, последен пат на протестите во сабота, јасно изјави дека нема да ја почитува задолжителната вакцинација.

Промовирани огласи »

Еден маж од Париз ја тужел својата компанија во која работел затоа што работата му била здодевна, а тој се чувствувал како да не ја заработувал платата. Сега компанијата треба да му исплати 40.000 евра бидејќи судот пресудил во негова корист.

Во 2014 година, Фредерик Деснард се вратил да работи за францускиот производител на луксузни парфеми „Interparfums“, по 7 месеци боледување. Како што навел неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад кој го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа поради која бил неколку дена во кома, пишува „Felix Magazine“.

Иако бил вреден работник, по враќањето од боледување компанијата наводно потполно го занемарила. Тој своето време го поминувал „извршувајќи обврски“ за директорот на „Interparfums“. Работел од 20 до 40 минути дневно и никому не му било гајле дали ќе се појави на време и тоа траело 4 години.

Немав повеќе енергија за ништо. Се чувствував виновен и се срамев што не заработував плата, а ја добивав. Имав впечаток дека сум невидлив во компанијата, изјавил Фредерик Деснард на суд.

Виктор Билебо, адвокатот на Деснард, рекол дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во одбраната тврделе дека Деснард никогаш не кажал ништо за тоа дека му е здодевно.

Во 2020 година, Деснард поднел тужба до судот за работни односи и барал отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдела дека тој никогаш не поднел жалба, судот се согласил дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата била потврдена на крајот на 2020 година од Апелациониот суд во Париз.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »