Промовирани огласи »

Хибридното работење ќе стане новото нормално. Но, дали идните работни места ќе бидат такви? 

И покрај широкиот консензус дека комбинација од домашна и канцелариска работа е најдобрата опција, има многу простор за преговарање околу деталите.

2020 година претставуваше невиден шок за канцеларискиот живот. 

Пролетта 2020 година, околу 60% од вкупното работно време се одвиваше од дневните соби на луѓето, кујните и за малкумина среќници од домашните канцеларии. Прилагодувањето на новиот режим не беше лесно за секого - особено за оние што живееја во мали станови или со деца. Сепак, во просек работниците пријавуваат повисоки нивоа на задоволство и среќа. Испитаниците на анкетите сугерираат дека тие би сакале да работат од дома скоро 50% од времето, што е повеќе од 5% пред пандемијата, а остатокот во канцеларија. Но, вистинското однесување на луѓето сугерира дека нивната вистинска желба е да поминуваат уште повеќе време во пижами. 

Сепак, има несогласувања за придобивките од „хибридниот“ пристап. Истражувањата сугерираат дека мешавината од домашна и канцелариска работа всушност може да биде најдобриот аранжман за продуктивност. Овозможува поефикасна поделба на трудот помеѓу „длабока работа“ (вид што бара многу концентрација, што најдобро може да се прави дома) и колаборативна работа (најдобро да се прави со колеги, лично, во канцеларија). 

Дополнителни промени се на пат во 2022 година. Многу фирми сфаќаат дека треба да направат повеќе за да ги охрабрат луѓето да дојдат во канцеларија. Тоа значи инвестирање во поволности како фитнес центри и добра храна, а владите знаат дека законот за вработување треба да се развива, да ги препознае и заштити домашните работници.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.

Во продолжение пролжение прочитајте кои се сите останати неработни денови од 2022 година:

За сите граѓани на РМ: 01 мај (недела), Ден на трудот, односно 02 мај (понеделник) е неработен ден, 25 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 02 мај (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, 24 мај (вторник) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, 02 август (вторник), Ден на Републиката, 8 септември (четврток), Ден на независноста, 11 октомври (вторник), Ден на народното востание, 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден, 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ 08 април (петок), Меѓународен ден на Ромите, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 23 мај (понеделник), Национален ден на Власите,
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 5 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик.

Промовирани огласи »

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) по 71 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,386 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,213 денари.

Како причина за новите малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,856  отсто, кај дизелот за 4,802, кај екстра лесното масло за 4,821, и кај мазутот за 4,320 отсто, како и за 0,205 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Промовирани огласи »

Јужнокорејската серија стана културен феномен и една од најгледаните во историјата, а еден од извршните директори на Нетфликс Тед Сарандос потврди дека се снима продолжение. „Универзумот Squid Game штотуку започна“, рече Сарандос, додавајќи дека компанијата сака серијата да биде франшиза со потенцијал за раст надвор од основната услуга за стриминг, со искуства во живо, игри и облека.

Серијата за рекордно време стана глобален феномен, а во првиот месец од почетокот на емитувањето ја погледнале 142 милиони домаќинства. Дека се снима продолжение потврди и авторот на серијата Хуанг Донг-хјук.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »