Промовирани огласи »

Од март 80.000 работници ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е зголемување за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесувала 8.800 денари. Новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, соопшти на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Таа информира дека според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Тоа, како што рече, значи дека за да се наполни оваа кошничка во 2014 година биле потребни четири минимални плати.

-Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото зголемување на минималната плата, две минимални плати не само што се доволни за да се наполни синдикалната кошничка, туку остануваат и нешто помалку од илјада денари, рече Николова.

За седум години, како што посочи, синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто, со што се покажува дека животниот стандард на граѓаните е заштитен и дополнително унапреден.

Промовирани огласи »

Стелт-омикрон, кој е познат и под ознаката ВА.2, се открива со помош на ПЦР-тест, а се потврдува со помош на техниката на секвенционирање на генетскиот материјал. 

Основната варијанта на омикрон се појави пред помалку од три месеци и веќе доминира во најголем дел од светот, а кратко време беше потребно за да се појави и подвид. Стелт-подвидот СЗО го означи како сој кој го набљудуваат, но се уште нема статусна сој кој е од интерес или кој загрижува. 

Засега не може да се предвиди како ќе влијае врз целосната епидемиолошка состојба. Интересно е што стелт, како подваријанта, има околу 20 мутации со слични карактеристики една на друга. 

Симптомите се слични како и на сите претходно познати мутации на коронавирусот, болки во грло, треска, главоболки, солзење на очите, изнемоштеност, болка во мускули, но и во грбот, температура не повисока од 38 степени, но и дијареја и дигестивни тегоби, особено кај децата.

Засега, има индиции дека стелт-омикрон ги напаѓа само горните дишни патишта, односно ретко се спушта до белите дробови. Не е забележана разлика во бројот на хоспитализации и починати како последица на болеста.

Промовирани огласи »

Финалистите за наградата се официјално избрани за Светски автомобил на годината за 2022 година, група од меѓународни новинари кои се занимаваат со автомобилскиот свет. Главната награда, а исто така и споредните награди за некои специфични категории, ќе бидат доделени на Саемот за автомобили во Њујорк на 13 април 2022 година.

Финалистите за 2022 година се, по азбучен редослед: Audi Q4 e-tron, Cupra Formentor, Ford Mustang Mach-E, Genesis G70, Honda Civic, Hyundai Ioniq 5, Hyundai Tucson, Kia EV6, Lexus NX, Toyota GR86 / Subaru. Забележено е отсуството на автомобили направени од големите меѓународни автомобилски групации како што се Stellantis, Renault, Mercedes и BMW. 


За да се квалификува како Светски автомобил на годината, моделот мора да се произведува во најмалку 10.000 примероци годишно, мора да се продава по пониска цена од луксузниот сегмент, да може да се купи на најмалку два од главните пазари (т.е. Кина, Европа, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Јужна Америка, САД) и на два посебни континенти. Вклучени се сите автомобили произведени за ова издание од 1 јануари 2021 година до 30 март 2022 година.
 

Промовирани огласи »

Истражувачите од Универзитетот Фудан во Шангај велат дека развиле технологија која ја комбинира брзината на брзиот антигенски тест со точноста на PCR тестирањето.
 

ПЦР тестовите се најпрецизни на пазарот, но мора да се обработат во лабораторија, што трае минимум неколку часа. Кога лабораториите се преоптоварени, обработката може да трае неколку дена.

Истражувањето на Универзитетот Фудан беше спроведено со мал примерок на тестови, рече Ендрју Чинг, но aко стапката на прецизност од 100% се одржи во поголем тест примерок, тоа би можело да биде голем чекор напред.

Тестот развиен на Универзитетот Фудан користи пречувствителен електромеханички биосензор за откривање на нуклеински киселини кои претходно тешко се идентификуваа поради нивната ниска концентрација во примероците за тестирање.
 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »