Среќните работници, се продуктивни работници. Но, како да се мотивира група на вработени да работат напорно и со тоа да помогнат на бизнисот? Всушност, за мотивација не треба многу, меѓутоа треба да се насочите кон вистинските начини.
Дури и да ги имате најдобрите вработени, тоа не е гаранција дека вашата компанија ќе работи одлично.
Ви препорачуваме неколку начини како да ги заинтересирате вашите вработени дополнително и да ги направите мотивирани и полни со желба да работат за Вас:
1. Комуницирајте со вработените
Често разговорите се занемаруваат. Многу претпоставени често ќе ги повикаат вработените на состанок и држат монолог без да им остават можност на вработените да се искажат на дадаената тема за разговор.
Неколку истакнати бизнисмени истакнуваат дека практикуваат разговори еден на еден. Со ова ја зајакнувате вербата во вработените и се зближувате на посебен начин.
2. Бидете пример
Не можете да очекувате вашите вработени да работат напорно или да се однесува на начинот на кој што сакате, ако Вие не бидете пример. Ако покажете возбуда во врска со целите кои сакате да ги постигнете тоа ќе се пренесе и на вработените и тие ќе размислуваат кон целите со ентузијазам.
Докажано е дека доброто расположение е заразно и тоа е навистина добро да се шири во компанијата. Секогаш бидете со насмевка и никогаш не доцнете на работното место. Запомнете дека како ќе се однесуватге Вие, многу веројатно е така да се однесуваат и вашите вработени.
3. Дајте им право на глас и искажување
Прашајте ги како тие ќе придонесат за компанијата и побарајте идеја за тимот да функционира подобро. Повеќето вработени имаат идеи за тоа како тие можат да бидат поефикасни, но тие не можат да ги споделат со вас, освен ако конкретно не ги прашате.
Ако навистина сакате да ги поттикнете и мотивирате своите вработени, ќе треба да им дадете овластување и да ги направите одговорни за нивните сопствени одлуки. Така ќе направите тие да се чувствуваат слободно и да им дадете чувство на сигурност и мотивираност
4. Понудете им можности за унапредување
Вашите вработени се повеќе мотивирани кога знаат дека се стремат кон нешто поголемо. Ако мислат дека не постои можност за напредување, тие немаат зошто да се залагаат на работно место и ќе работат површно и без ентузијазам.
Мотивирајте ги своите вработени, нудејќи им обука која ќе ги научи на нови вештини со ова не само што ќе ги мотивирате туку и ќе ја зајакнете сликата за компанијата како одлично место за работа.
На крајот, размислете како се чувствувате кога компанијата оди во нагорна линија и дајте им можност за среќа и личен развој и на вработените - Зарем има поголем успех од тимскиот?