Промовирани огласи »

Agile Pro Solution (APS) е американска компанија со повеќе од 11 години искуство го редефинира класичниот пристап на аутсорсинг и нуди поекономично решение за растечките бизниси. 

AGILE PRO SOLUTIONS Ве поканува на отворен ден на 16ти март кој ќе ви помогне да ја започнете својата кариера!

Зошто да присуствувате?

Запознајте го тимот на APS и зголемете ги вашите можности за меѓународна кариера со учество на годишен саем за кариера и сесија за вмрежување. APS Career Day има повеќе шанси да ја пронајдете посакуваната работа или да размислите за нов пат во кариерата.

Резервирајте го вашето место и дознајте повеќе со испраќање на вашето CV ТУКА

Промовирани огласи »

Почнувајќи од денеска, 1 март, се укинуваат давачките што досега ги издвојуваа родителите за своите деца во градинките во Општина Аеродром, а во текот на годината целосно ќе бидат скратени сите дополнителни трошоци, известија од општината. 

По предлог на градоначалникот Тимчо Муцунски и со одлука на Советот на општината, родителите ќе бидат ослободени од трошоците што ги издвојуваа за хигиенскиот пакет, а во него се вклучени разни санитарни и хигиенски средства. Општината постојано презема политики насочени кон постепено намалување на сите дополнителни трошоци што претставуваат товар за секое семејство, велат оттаму. 

Од 1 септември оваа година ќе бидат целосно укинати и сите трошоци што се издвојуваат за наставно-образовни материјали за работа по групи во градинките, најавија од општина Аеродром. 

Промовирани огласи »

Од денеска стапуваат на сила новите повтини цени за паркирање во главниот град.

Цената за паркирање се намалува во зонското паркирање, во зона А0 од 100 се намалува на 75 денари, во зона А од 50 се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 на 30 денари, а во зоните Ц и Д паркирањето ќе се намали од 30 на 25 денари за 1 час.  

Промовирани огласи »

Од утре нема веќе замрзнати цени – туку намалена заработувачка за трговците. Сепак тоа нема да го спречи растот на цените. Пекарската индустрија иако јавно не потврди сепак според информациите на Канал 5, веќе ги стокмиле новите ценовници и лебот од утре ќе се продава со цена повисока за 5 денари. За други производи засега нема најава дека ќе поскапат.

Но, од кризата и намалените маржи најголем удар ќе претрпат овошјето и зеленчукот. Трговците кои имаат магацини на Кванташкиот пазар се заканија со протести. Велат маркетите веќе им ги откажуваат набавките поради мерката и робата им стои во магацините. Доколку државата не ја укине, најавуваат и порадикални чекори.

Овие штрајкови ќе траат се додека не се промени одлуката и за два три дена доколку нема мерки министерството, ние ќе преземеме и радикални чекори. Камионите со се скапаната роба ќе ги однесеме пред Влада па тие да видат што ќе им прават. Затоа што нема да ја земе никој, ни се јавија маркетите и фирмите дека ќе ја прекинат набавката. За контењер ќе биде робата се. изјави Џемаил Садики, Кванташки.

Министерот за економија Крешник Бектеши викендов на средба ги покани претседателите на трите најголеми комори, но состанок немаше. Од економија велат дека средбата најверојатно ќе биде во текот на неделава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »