Веќе трета недела цените на прехранбените намирници се во фокусот на секој еден Македонец.
Речиси секојдневно има зголемување на цените, па и самите продавачки и менаџментот на маркетите велат дека се уморни од секојдневно менување на налепниците со цени на рафтовите.
По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи, односно нивно поефтинување.
За цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај.
Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти.
Маслото за јадење, дефинитивно, претрпе најмногу ценовни шокови. Во моментов, различни маркети и продавници го нудат по различни цени. Најевтиниот е од 87 денари, а најскапиот 102 денари за литар.
Шеќерот речиси секаде е со цена од 40 денари за 800 или 900 грама, односно едно пакетче.
Табла јајца веќе чини над 200 денари, однсоно од 215 денари па нагоре.
Килограм кашкавал, зависно од производителот и маркетот, чини околу 350 денари, чајната за килограм е над 400 денари во повеќето маркети.
Килограм банани во маркетите се продаваат по цена од над 70 денари, а се почесто не може да се најдат јаболка поевтини од 20 денари. Компирот за килограм чини околу 20 денари.