Промовирани огласи »

Во вторник, петок и деновите од викендов пензионерите повторно ќе може бесплатно да се возат со ЈСП-Скопје. Мерката ќе стартува до крајот на месецов, а за истата од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра.

Бесплатниот превоз во овие денови важеше и пред почетокот на корона пандемијата, по што беше стопиран поради заштита од ширење на коронавирусот.

Граѓаните, дел ја оправдуваат оваа „привилегија“ за пензионерите, дел советуваат дека бесплатен превоз треба да има и за лицата со минимални плати кои со јавен превоз патуваат кон работното место и назад.

И јас мислам дека на тие со малите плати треба да се возат бесплатно, а не пензионерите. За пензионерите превозот не е неопходен, вели еден граѓанин.

  • Јас сум пензионерка и не трчаме по автобуси. Мислам за оваа категорија не е добро да одат по автобуси и да се изложуваат на ризици, советува една повозрасна скопјанка.
  • Еден пензионер прима минимални 12.000 денари, четиричлено семејство, работничко еве 40.000 денари и ај сега кој е загрозен? Со деца со милиони трошкови неисполнети желби, неспоредливи трошоци. Затоа велам за работниците со ниски примања ништо нема да им значи да си купат пензионерска карта или да си платат ако одат на лекар, а работниците секој ден мора да одат на работа па ај спореди, констатира друг граѓанин.
  • Сите треба да се возат бесплатно, а тој што сака да плати нека го донира платениот билет во буџетот на градот. Да ја видиме свеста на тие што имаат високи плати и пензии, е предлог на еден граѓанин. 
  • Пензионерите имаа безпари, него дај безпари на невработени, за студенти, средношколци (особено и во летен период тие што одат на пракса имаат потреба од автобус ), на мајки со мали деца кои имаат потреба да користат јавен превоз (немаат може автомобил или не се возачи) или кога веќе ни ова не одговара, да се намали цената на превозот да биде како на времето 25 денар, вели еден скопјанец.
  • Добра идеја е бесплатно да се возат тие што се на минимална плата, а за пензионерите четири бесплатни возења, а не четири дена, па да не може да се влезе од гужва, вели една млада скопјанка.

Промовирани огласи »

Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. Континуирано воведува нови производи во асортиманот како што се: замрзнато овошје и зеленчук, лиснато тесто, замрзната риба, млечни и кондиторски производи. Уникатни, секогаш достапни, иновативни, креативно-тимски тоа е Цермат препознатливата формула за успех. Во компанијата владее европскиот дух, современ начин на функционирање и уникатен животен стил.

Моменталнот вработува на следниве работни позиции:

АСИСТЕНТ ЗА КОМЕРЦИЈА И ИЗВОЗ - БИТОЛА 

ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА

АСИСТЕНТ НА КАНЦЕЛАРИЈА - БИТОЛА 

СТРУЧНО ЛИЦЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ПРОИЗВОДСТВО - БИТОЛА 

ВИЛУШКАРИСТ - БИТОЛА 

ТЕХНОЛОГ - БИТОЛА

СМЕТКОВОДИТЕЛ - БИТОЛА 

АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК - СКОПЈЕ

ДИСТРИБУТЕР/ ДОСТАВУВАЧ - СТРУМИЦА


 

Промовирани огласи »

Докторката Марија Гњатовиќ од српскиот Институт за примена на нуклеарна енергија, тврди дека еден од соевите на коронавирусот дава најсилен и најстабилен имунитет, споредено со сите други. 

Таа напоменува дека пациентите кои прележале омикрон, а истовремено имаат примено две дози на вакцина, можат да сметаат дека имаат посилен имунитет од оние кои прележале омикрон, а не се вакцинирани или пак, кои прележале друг сој, без разлика дали се вакцинирани или не. 

Според повеќе студии, меѓу кои и истражување на 500 доброволци во Србија, во истиот Институт, се покажало дека имунолошкиот одговор кај оние кои биле изложени на омикрон е доста постабилен споредено со претходните соеви. Според докторката, меѓу испитаниците имало и пациенти кои се заразиле по помалку од шест месеци од целосна вакцинација. 

Според докторката Гњатовиќ, делтакрон има сличен С-протеин како омикрон, па со оглед на сличноста, а и дека голем дел од населението има прележано или делта или омикрон, или и двете, се очекува да биде помалку ризичен за луѓето. 

Промовирани огласи »

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,01 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 79 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 81, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 77, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 73,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,805 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 52,354 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат референтните цени на дериватите на светскиот пазар кои кај бензините се намалени во просек за 1,048 отсто, а кај дизелот зголемени за 0,668 отсто, како и за 0,059 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »