Цермат доо Битола, веќе 25 години е синоним за квалитет во областа на производство на сладолед и замрзнати производи. На домашниот пазар е препознат од своите купувачи како компанија која нуди највисок квалитет на своите производи со стандарди за квалитет и производство во модерен прехранбен капацитет, во кој целокупниот процес на производство се одвива во строго контролирани услови што претставува гаранција за безбедноста и квалитетот на секој наш производ.
Доколку си личност која сака да биде клучна алка во синџирот на производство и контрола на безбедноста и квалитетот, тогаш пријави се на следниот оглас за:
ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО
Потребни квалификации:
• Завршено високо образование – Биотехнички факултет
• Висок степен на мотивација за работа во тим,
• Мотивација за работа во динамично опкружување,
• Силни развиени организациски и аналитички вештини,
• Основно познавање на MS Office – Excel, Power Point, Internet,
• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност,
• Претходно слично работно искуство ќе се смета за предност,
• Познавања од областа на развој на нови производи, планирање на производство,
• Познавање на НАССР стандарди,
• Комуникациски вештини и тимска работа,
• Желба за напредок.
Краток опис на работно место и основни одговорности:
• Работење во согласност со правните норми и етичките кодекси на компанијата,
• Атрактивна и динамична работна средина,
• Контрола и квалитет на готов производ,
• Контрола на производствените процеси по фази.
Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.
Доколку сметате дека сте спремни да станете дел од Цермат семејството, испратете Ваше CV на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака ТЕХНОЛОГ.