Промовирани огласи »

QUIPU ги отвара вратите за нови членови на тимот

💻 Интервјуа во тек ➡

Quipu е компанија за ИТ консултантски услуги и развој на софтвер, која обезбедува сеопфатни решенија end-to-end за банките и финансиските институции, од електронски плаќања до софтверски системи. Како меѓународна компанија, ја цениме различноста и сме посветени на културата, на раст и иновации, создавајќи средина каде што секој може да ги развие своите вештини и да го исполни својот потенцијал. Ние сме 100% подружница на ПроКредит Холдинг, матична компанија на група банки кои се специјализирани за обезбедување финансиски услуги за малите и средните претпријатија. Со седиште во Франкфурт, Германија, моментално работиме од 8 регионални канцеларии ширум светот - во Ел Салвадор, Еквадор, Гана, Северна Македонија, Косово, Украина, Русија и Романија - овозможувајќи ни веднаш да одговориме на потребите на глобалната база на клиенти.

Во моментов имаат три отворени работни позиции:

SERVICE DESK TECHNICIAN

SOFTWARE IMPLEMENTATION SPECIALIST

SOFTWARE DEVELOPER – TREASURY

Тагови: КУИПУ ДООЕЛ, Скопје

Промовирани огласи »

Поради скапите горива и Германците поретко ќе возат автомобил

Нешто повеќе од една третина од германските возачи планираат да го остават својот автомобил дома поради огромниот скок на цените на горивото на бензинските пумпи

Над една третина од возачите во Германија планираат помалку да возат поради скапите горива. 

Oва е наведено во студијата, која денеска ја објави британската компанија за истражување на пазарот и анализа на податоци ЈуГов (YouGov). Истражувањето покажа дека 22,9 отсто од испитаниците веќе го оставаат својот автомобил дома, а 12 отсто од нив имаат намера да го користат помалку во иднина. Половина од испитаниците одговориле дека не сакаат да возат „за да штедат“, 16 отсто од нив како главна причина ја наведуваат околината, а 14,9 отсто сакаат повеќе да вежбаат.

Три четвртини од учесниците во истражувањето изјавиле дека до одреден степен зависат од автомобилот, делумно поради малиот број на опции за јавен превоз. Скоро половина од возачите користат автомобил најмалку пет пати неделно.

Руската инвазија на Украина ги зголеми цените на горивата во Германија на рекордно ниво. Сега бензинот чини во просек 2,09 евра за литар, а дизелот 2,16 евра.

Министрите за надворешни работи на Европската унија во понеделникот не се согласија околу тоа дали и како да воведат санкции за профитабилниот енергетски сектор на Русија поради нејзината инвазија на Украина. 

Цената на нафтата од утрово нагло расте. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар е 114 долари за барел. Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден.

Пред десетина дена цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа ниво под 100 долари. Претходно, барел вредеше 130 долари, но оваа максимална вредност траеше еден ден.

Промовирани огласи »

Ќе растат и платите во јавниот сектор

Владата изгласа пропорционален раст на платите

Владата изгласа пропорционален раст на платите во јавниот и приватниот сектор. 

На денешната 32-ра седница Владата го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за административни службеници.

Основната цел е постигнување на еднаквост на вработените во приватниот и јавниот сектор и усогласување на останатите плати на административните службеници, како и обезбедување континуитет на промените на платите во администрацијата во однос на минималната плата на национално ниво, како долгорочна цел. Од месецов, минималецот изнесува 18.000 денари. 

Промовирани огласи »

Повторно предвремено исплаќање на пензиите – месецов зголемени за 1.000 денари

Еве кога ќе може да ги подигнете средствата

Од следниот вторник, 29 март, ќе се исплаќаат мартовските пензии кои ќе бидат зголемени за 1.000 денари.

Ова се првите илјада денари кои како дополнителна финансиска помош, пензионерите ќе ги добијат и со априлската и со мајската пензија.

Од банкоматите ќе може да се подигнат пензиите од вторник, а истиот ден во банките ќе се врши и исплата на пензиите со висина до 11 илјади денари. Во среда, во филијалите и експозитурите на банките ќе се врши исплата на пензиите од 11.000 до 14.000 денари, во четврток од 14.000 до 18.000 денари, а во петок ќе бидат исплатени највисоките пензии над 18.000 денари.

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »