Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден, Владата одлучи да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и да дозволи учениците од основно училиште да одат на часови без маски.

Комисијата денеска одржа нова седница каде што се одлучи да предложи до Владата и до Главниот кризен штаб и учениците во средните школи да не носат маска по примерот на основците, потврдуваат за Слободен печат извори од Комисијата.

Оваа одлука доаѓа во пресрет на пролетните денови и зголемените температури, а основа за него е и стабилната епиде*иолошка состојба која со недели владее во државата.

Состанокот на комисијата уште трае и не е исклучено и други рестриктивни мерки да бидат отстранети.

Промовирани огласи »

Поради изјаснувањето на огромен процент на членството за организирање штрајк, Советот на СОНК едногласно донесе одлука за организирање и одржување  генерален штрајк, кој би почнал на 11 април, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК за одлуката што ја донесе вчера на седница, на која биле анализирани записниците од одржаните состаноци на синдикални организации на СОНК во врска со носењето на ваквата одлука.

Советот ги задолжи регионалните одбори на СОНК да ги преземат сите неопходни подготовки за организирање и одржување гнерален штрајк, кој би се одвивал во сите установи од дејностите детска заштита, основно и средно образование, во кои има членови на СОНК, како и во установи каде што по пат на солидарност би се приклучиле и други вработени. Штрајкот би бил класичен, а тоа значи дека вработените кои ќе бидат во штрајк, нема да вршат прием на деца во градинките, нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно-образовниот процес, информира СОНК кој за подоцна денеска закажа и прес-конференција за најавениот штрајк.

На седницата вчера, како што наведува,  било заклучено дека Советот на СОНК го почитува социјалниот дијалог и дека во изминатиот период има остварено повеќе средби со Владата и со социјалните партнери МОН И МТСП за усогласување на платите со минималната плата на национално ниво, но, за жал, како што наведува во соопштението, „во овој временски период, по однос на нашите барања, нема никаков резултат“.

Неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства, дополнително влијае на одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања. Поради немање слух на надлежните, членовите на СОНК мора да ги бараат правата кои им следуваат со закон и колективен договор, преку искажување јавно незадоволство, односно преку генерален штрајк. Оттука, СОНК ги повикува своите членови да останат единствени и сплотени во борбата за заштита на своите права, преку која сите засегнати во државата ќе ја сфатат сериозноста, силата и големината на нашиот Синдикат, пишува во соопштението.

СОНК во дописот бара разбирање и поддршка од родителите на учениците за  привремениот прекин на воспитно-образовниот процес односно прекинот на работа на градинките, основните и средните училишта, како и ученичките и студенските домови.  

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика.ги објави резултатите од националниот попис во 2021.

Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.

Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16).

Во дијаспората се попишале речиси три пати повеќе Албанци од Македонци. 63.731 биле Македонци, а 172.942 биле Албанци.

Во Скопје има 309.107 Македонци, а 120.293 се попишале како Албанци. 44.175-мина не се попишале.

Промовирани огласи »

Webhelp North Macedonia е телекомуникациска компанија која работи со гигантски брендови на глобално ниво, нудејќи најдобро место за работа за сите германски говорители. Во видеото подолу погледнете како изгледа работната атмосфера и дали ова е одлична шанса, токму Webhelp да биде твоето ново работно место. За да аплицирате за отворените работни места погледнете ги детали ТУКА.

Сите млади кои го зборуваат германскиот јазик, ќе ја имаат уникатната шанса да научат и брзо да напредуваат во нивната кариерата и тоа преку работа со меѓународни брендови и како дел од високо професионален тим.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »