Промовирани огласи »

Народниот правобранител Насер Зибери ќе предложи измени на регулативата за испорака на електрична енергија во делот на обврската за отчитувањето на броилата, откако голем број граѓани се пожалиле дека добиваат високи сметки за струја која не ја потрошиле, а ЕВН им наплатува авансно, пишува НОВА ТВ. 

Од Канцеларијата на Народниот правобранител најавуваат дека во наредниот период оваа иницијатива ќе има приоритет, а првиот чекор што планираат да го направат е предлогот да го достават до Регулаторната комисија.

Народниот правобранител вели дека граѓаните најчесто реагираат затоа што  еден месец плаќаат високи сметки, кои следниот месец им се намалуваат, но дека ваквата пракса им предизвикува стресови  затоа што потрошувачите авансно ја плаќаат потрошената електрична енергија. Некои семејства, пак, и не се во можност со оглед на ниските примања да ги плаќаат вака скроените сметки и затоа бараат секој месец да платат онолку колку што потрошиле. 

Како што јас за мојата работа добивам плата месечно, така треба и ЕВН да ми наплатува за тоа што јас сум го потрошил во текот на месецот, не можам со месечната плата да подмирувам паушал во вредност од речиси две сметки за струја. Секогаш кога сум реагирал на нереалната сметка во ЕВН ме упатуваат на интернет да пријавувам колку киловат часови сум потрошил, но секако дека како потрошувач имам право да барам да се подобрат услугите при наплатата од ЕВН, вели граѓанин за НОВА ТВ. 

Целиот текст на НОВА ТВ. 

Промовирани огласи »

Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за измена на Уредбата за приватизација на градежно државно земјиште, со што се менува висината на надоместот за приватизација на градежното земјште во државна сопственост. Со измените, за 30 пати се зголемува цената на неизграденото земјиште наменето за колективно домување и комерцијален  деловен објект, за стопански производни објекти таа се зголемува за 20 пати. Надоместот за приватизација на државното градежно земјиште, кое е за индивидуално домување или колективно домување кое е изградено, останува непроменет од 61 денар за метар квадратен, соопштија денеска од Министерството за финансии.

Дообјаснуваат дека уредбата се однесува на надоместокот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост што се спроведува од страна на Управата за имотно-правни работи. Станува збор за приватизација на државно земјиште само во услови каде што е стекнато корисничко право.

Предложената измена се врши поради зголемената пазарна вредност на градежното земјиште во однос на вредноста на градежното земјиште во 2005 година, кога стапи во сила Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, а пред се да им се оневозможи на правни и физички лица кои по основ на приватизација по досегашниот надомест за приватизација ги реализираа градбите за намени предвидени со актите за планирање на просторот (колективно домување, комерцијални, деловни, стопански, производни објекти и објекти наменети за спорт и рекреација) и на овој начин стекнуваа имотна корист. Висината на надоместот ќе зависи од тоа во кој од петте региони се наоѓа земјиштето и дали е во централно и вон централно подрачје, велат од финансии. 

Се објаснува дека во скопските општини за неизградено земјиште за колективно домување и комерцијален деловен објект висината на надоместот ќе изнесува 13.140 денари за метар квадратен, за стопански производни објекти 8.760 денари и  објекти за спорт и рекреација 4.380 денари. 

Промовирани огласи »

Во текот на вчерашниот ден, Владата одлучи да го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести и да дозволи учениците од основно училиште да одат на часови без маски.

Комисијата денеска одржа нова седница каде што се одлучи да предложи до Владата и до Главниот кризен штаб и учениците во средните школи да не носат маска по примерот на основците, потврдуваат за Слободен печат извори од Комисијата.

Оваа одлука доаѓа во пресрет на пролетните денови и зголемените температури, а основа за него е и стабилната епиде*иолошка состојба која со недели владее во државата.

Состанокот на комисијата уште трае и не е исклучено и други рестриктивни мерки да бидат отстранети.

Промовирани огласи »

Поради изјаснувањето на огромен процент на членството за организирање штрајк, Советот на СОНК едногласно донесе одлука за организирање и одржување  генерален штрајк, кој би почнал на 11 април, соопшти Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК за одлуката што ја донесе вчера на седница, на која биле анализирани записниците од одржаните состаноци на синдикални организации на СОНК во врска со носењето на ваквата одлука.

Советот ги задолжи регионалните одбори на СОНК да ги преземат сите неопходни подготовки за организирање и одржување гнерален штрајк, кој би се одвивал во сите установи од дејностите детска заштита, основно и средно образование, во кои има членови на СОНК, како и во установи каде што по пат на солидарност би се приклучиле и други вработени. Штрајкот би бил класичен, а тоа значи дека вработените кои ќе бидат во штрајк, нема да вршат прием на деца во градинките, нема да изведуваат настава и други активности што се поврзани со наставата, што би значело прекин на воспитно-образовниот процес, информира СОНК кој за подоцна денеска закажа и прес-конференција за најавениот штрајк.

На седницата вчера, како што наведува,  било заклучено дека Советот на СОНК го почитува социјалниот дијалог и дека во изминатиот период има остварено повеќе средби со Владата и со социјалните партнери МОН И МТСП за усогласување на платите со минималната плата на национално ниво, но, за жал, како што наведува во соопштението, „во овој временски период, по однос на нашите барања, нема никаков резултат“.

Неприфатливиот и неаргументиран однос и основ на ресорните министерства, дополнително влијае на одлучноста на членството на СОНК да истрае во легитимната борба за остварување на своите барања. Поради немање слух на надлежните, членовите на СОНК мора да ги бараат правата кои им следуваат со закон и колективен договор, преку искажување јавно незадоволство, односно преку генерален штрајк. Оттука, СОНК ги повикува своите членови да останат единствени и сплотени во борбата за заштита на своите права, преку која сите засегнати во државата ќе ја сфатат сериозноста, силата и големината на нашиот Синдикат, пишува во соопштението.

СОНК во дописот бара разбирање и поддршка од родителите на учениците за  привремениот прекин на воспитно-образовниот процес односно прекинот на работа на градинките, основните и средните училишта, како и ученичките и студенските домови.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »