Државниот завод за статистика.ги објави резултатите од националниот попис во 2021.
Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани.
Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16).
Во дијаспората се попишале речиси три пати повеќе Албанци од Македонци. 63.731 биле Македонци, а 172.942 биле Албанци.
Во Скопје има 309.107 Македонци, а 120.293 се попишале како Албанци. 44.175-мина не се попишале.