Промовирани огласи »

Црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ-Бојовиќ, денеска најави дека од задутре носењето заштитни маски во училиштата, маркетите, трговските центри, спортските сали ќе биде само како препорака.

Таа во емисијата „Добро утро Црна Горо“ за в четврток најави нови мерки за заштита од коронавирусот , посочувајќи дека заштитните маски ќе бидат задолжителни во здравствените установи, во објектите за колективно сместување и во јавниот превоз.

Како што истакна, наставата во училиштата ќе трае 30 минути додека не се разгледа целокупната состојба. „Сè уште треба да бидеме внимателни. Короната неколку пати непријатно не изненади. Состојбата во моментов е поволна и стабилна. Имаме значителен пад на бројот на пациенти на дневна основа, пад на бројот на хоспитализирани - изјави Боровиќ Бојовиќ.

Промовирани огласи »

Во Германија карантинот поради инфекција со коронавирус ќе биде необврзувачки од 1 мај.

Министерот за здравство Карл Лаутербах рече дека заразените нема да мора да одат во изолација од овој датум.

Тој додаде дека карантинот ќе биде само на доброволна основа.

Лаутербах објасни дека Министерството ќе издаде само препорака заразените со корона да бидат во изолација пет дена.

Но, предвиден е еден исклучок, а тоа се медицинските работници, за кои ќе важат важечките правила за карантин, а тоа е дека мора да одат во изолација од пет дена по што би се тестирале.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг рече дека Македонија до крајот на април има обезбедено веќе платени количини на природен гас од Русија, а од 1 мај ќе се разговара со претставниците на индустријата како ќе се одвива снабдувањето. 

Во однос на тоа како ќе се одвива ситуацијата од мај па натаму, редовно правиме консултации со Народна банка и со Европската централна банка, затоа што од почетокот на март рубљата не е во курсната листа на нашата држава. Ние ги превземаме сите мерки и ги уверуваме граѓаните дека од мај па натаму нема да имаме никаков проблем ако во случај немаме снабдување со природен гас, заради тоа што над 80 отсто од потребите на годишно ниво се за работењето на ТЕ-ТО и на топланите, рече министерот.

Според Бектеши, тоа значи дека најголемиот дел од природниот гас во државата се внесува заради загревање за време на грејната сезона, која завршува на 15 април, а само мал дел се користи од индустријата.

Сите мерки се превземени и граѓаните ќе имаат парно до крајот на грејната сезона, а во однос на потребите на индустријата, од 1 мај па натаму ќе видиме и ќе разговараме директно со нив, а секако дека ќе најдеме решение, бидејќи на маса имаме многу опции, додаде тој.

Промовирани огласи »

Претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, денеска објави дека вработените административци во управата и правосудството на 7 и 8 април од 10.00 до 12.00 нема да работат како предупредувачки протест во сите институции каде што има синдикални организации.

Првиот човек на синдикатот како основна причина за тоа е дека голем дел од вработените не ја добиле зголемената минимална плата за месец март.

Изгледа дека Владата не е заинтересирана да разговара со нас.  На вработените не им се исплаќа минималната плата, над 90 отсто од институциите продолжуваат со исплата на помала плата од минималната, а другите не знаат што да прават и не ја изработуваат, а оние што исплатиле направиле катастрофални грешки со кратење на стажот. Ова е непочитување на законите на државата која самата си ги носи, изјави Деаноски.

Станува збор за 5.000 до 6.000 вакви членови на УПОЗ од 116 синдикални организации во министерства, агенции, управи, фондови, судови.

Министерството за финансии на 25 март објавува оглас за вработување на писар со плата од 14.909 денари. Ова значи дека министерството свесно одлучува да го прекрши законот за минимална плата, дава еден од примерите Деаноски.

Тој додаде дека Владата е известена за предупредувачкиот процес, кој понатаму може да прерасне во осумчасовен штрајк.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »