Од понеделник, 11 април вработените во градинките, основните и средните и училиште ќе почнат со генерален штрајк и нема да ги згрижуваат ниту помалите деца кои одат во градинките или во дневен престој во училиштата.
Претседателот на Синдикатот на образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков за „Фокус“ вели дека родителите треба да имаат разбирање за вработените.
Одговорноста за организирање на воспитно образовниот процес е на директорите. Штрајкувачите ќе бидат во штрајк и нема да работат со децата. Оттука, треба да се бара одговор од директорите, а родителите треба да имаат разбирање за проблемите на вработените во градинките, основните и средни училишта, вели Неделков за „Фокус“.
Тоа значи дека родителите на кои нема кој да им ги чува децата ќе мора да бараат креативно решение.
СОНК не успеа да се договори со Владата за зголемување на платите согласно новата минимална плата и според последните информации од СОНК, штрајкот е се поизвесен. Наставниците, воспитувачите и другиот образовен кадар ќе штрајкуваат односно нема да работат додека не се договорат со власта.
Целиот текст прочитајте го на Фокус.мк