Промовирани огласи »

Протестот што го организира Сојузот на синдикати на Македонија на 1 Мај ќе започне пред зградата на Синдикатот по што ќе продолжи пред Собранието, зградата на Организацијата на работодавачи и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

Од ССМ бараат линеарно зголемување на сите плати во јавниот и приватниот сектор од најмалку 2.806 денари во нето-износ.

Потребни се похрабри, поинтензивни и побрзи реакции за надминување на проблемите, за зголемување на платите за 2.806 денари во нето износ на сите вработени во приватниот и јавниот сектор, како и за креирање нови визии и перспективи. Ја повикуваме Владата на поголема продуктивност и решителност во делувањето за зголемување на платите на работниците, се наведува во прогласот што денеска го објави ССМ.

Оттаму ги повикуваат сите работници и синдикати да се приклучат на протестот.

Одлуката да се организира синдикален протест на 1 Мај е донесена на највисоките тела на Синдикатот.

Промовирани огласи »

Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои се укинува сертификатот од 1 мај, се укинува задолжителната маска од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за учениците.

Во следниот период ќе се разгледа и укинувањето на европскиот сертификат за влез во земјата, па така ќе постои ново соопштение, рече Плеврис.

Истакна дека сите мерки одново ќе се разгледаат на 1 септември.

Промовирани огласи »

Биткоинот деновиве падна под 42.000 долари за прв пат од 23 март, поради зголемената загриженост за зголемување на референтната каматна стапка во САД.

Најголемата криптовалута во светот падна на 41.918 долари во Азија, повлекувајќи се седми ден по ред во последните осум сесии.

Вредноста на биткоинот е под 50 дневниот. На берзата во Хонг Конг се тргуваше со оваа валута за 41.998 долари, што е пад од 2,6 отсто на дневна основа.

Откако кон крајот на март достигна највисоко ниво од нешто повеќе од 48.000 долари, биткоинот и другите криптовалути се во надолен тренд поради претпазливоста на инвеститорите поради заострувањето на монетарната политика на САД за да се ограничи растот на потрошувачките цени.

Инфлацијата во САД, според прогнозите на економистите пред утрешното објавување на податоците, веројатно го забрза растот на 8,4 отсто во март, што е највисоко ниво од почетокот на 1982 година, наведува њујоршката агенција.

Затоа, Федералните резерви можеби, според главниот економист на Голдман Сакс, Јан Хакијус, ќе треба да ги зголемат каматните стапки над 4 отсто оваа година.

Очекуваниот посилен пораст на трошоците за позајмување ја загрози побарувачката за поризични средства како што се криптовалутите и акциите на технолошките компании, чии цени се повеќе се во тандем.

Останатите водечки виртуелни токени, исто така се во пад.

Промовирани огласи »

БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали. Иако производите на БРАКО прераснаа во препознатлив Бренд, по својот квалитет и широк асортиман на производи, со визија за успех и развој како и инплементирање на новите современи трендови во оваа област, БРАКО постојано го подобрува досегашното производство во смисла на инвестирање во нови современи технологии од оваа област.

Во моментот БРАКО вработува на следните работни позиции:

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »