Кај комуналните сметки рокот за застареност е една година од денот на настанување на обврската за наплата, а за фирми три години. Тоа значи дека ако некој овој месец од нотар добие предлог за наплата на сметки од декември лани, треба да поднесе приговор, затоа што тој долг е застарен, пишува „Вечер“.
Граѓаните во последниве неколку години од компаниите кои вршат јавни овластувања за наплата на струја, вода и парно добиваат барања за наплата на стари долгови од пред 5, 10, па дури и од пред 20 години. За ваквите побарувања граѓаните дознаваат дури откако ќе им биде блокирана сметката од страна на извршител, или откако ќе им биде испорачана тужба. Граѓанинот би можел да докаже дека не должи никаква сума на овие институции само во услови ако достави платена сметка од тој период. Но, проблем претставува тоа што најголем дел од граѓаните не ги чуваат сметките од тој период.
Имено, не постои законски текс кој ги обврзува граѓаните дека ваквите сметки треба га ди чуваат неограничено, а тоа претставува класично кршење на правата на граѓанинот од институциите кои вршат јавни овластувања, а таквото нешто не е дозволено.
Адвокатот Николчо Лазаров им советува на граѓаните да се заштитат од измами и од плаќање на застарени долгови, односно да не ги плаќаат старите долгови за комуналии, но задолжително да ги примаат писмата од нотар.
-Ваквиот документ не е обврзувачки за граѓаните и тие немаат никаква обврска да платат. Кај таквите налози ќе забележите дека се работи за долгови кои се од погодл временски период односно за обврски за кои веќе одамна настапила застареност. Инаку, апсолутниот рок за застареност на секое побарување е десет години од денот на настанување на долгот и тоа граѓаните треба да го имаат во предвоид, вели Лазаров.
Истовременот тој советува дописот од нотар за наплата на долг задолжително да се прими бидејќи ако се одбие постои законска можност да се постави на огласна табла во надлежниот суд и по осум дена да се смета за правосилно извршно.„Застареноста“ е едно од правилата на судската постапка пред чие настапување можат и смеат да се преземаат дејствија за остварување на одредени права или за наметнување на одредени обврски. Во спротивно презенањето дејствија за истварување на одредени права или за наметнување на одредени обврски по законски предвидениот рок за тоа претставува недозволено дејствие и губење на правото за преземање на таквите дејствија.
Кај комуналните сметки рокот за застареност е една година од денот на настанување на обврската за наплата, а за фирми 3 години. Тоа значи дека ако некој овој месец добие од нотар налог за наплата на сметки од ноември лани, треба да поднесе приговор, зошто тој долг е застарен.