Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Точна е информацијата дека на 10 јуни ќе им биде ускратено гостопримството во градинките на сите дечиња чии родители не се жители на општина Карпош. Одлуката е донесена на осмата седница на Советот на Општина Карпош одржана на 20 април 2022 година, а јас ова го најавив уште во декември минатата година, но веројатно некој не сакал сериозно да ја прими информацијата, објаснува градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски за „Слободен печат“.

Тој додава дека сега уште еднаш, еден месец однапред, им се соопштува на родителите кои не се жители на општината, дека од 10 јуни нема да можат повеќе да ги посетуваат градинките во општина Карпош. Во моментов 306 дечиња од општината чекаат место во градинките во Карпош, а во нив се сместени 200 деца од други општини.

Според Јакимовски, родителите кои живеат во општина Карпош и не можат да ги згрижат децата во градинка, тука плаќаат данок и ги гласале за да им ги решаваат проблемите.

Во градинките на територијата на Карпош има 11 слободни училници со капацитет за околу 150-160 деца, но нема доволно персонал за нивно згрижување.

Немаме согласност од надлежните министерства да примиме персонал. Истовремено, повеќе од 25 негувателки, воспитувачки и технички персонал се заминати од различни причини и за нив нема одобрение да се пополнат испразнетите места. Од тие причини градинките се во многу тешка ситуација. Вработените со крајни напори успеваат само да ги згрижат децата, но за жал отсуствува воспитната и образовната компонента. Сето ова оди на штета на децата од општина Карпош, а јас како одговорен субјект кој е избран од овие граѓани морам да најдам решение, вели Јакимовски.

Деновиве, група родители кои не се жители на општина Карпош, а чии деца одат во градинки во оваа општина, информираа дека добиле известување дека нивните деца ќе бидат отпишани на 10 јуни. 

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто во однос на одлуката од 9 мај.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-) се намалуваат за 2,50 денари за литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,848 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,77 отсто, кај дизелот има намалување за 3,343 отсто, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,442 отсто и кај мазутот има намалување за 2,142 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,004 отсто.

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги посочуваат дека од полноќ ова се максималните цени на нафтените деривати. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, додаваат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. 

Промовирани огласи »

До крајот на месецов операторите имаат рок да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука за евентуално зголемување на цената на струјата. 

Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.

Првиот човек на Регулаторната комисија,  Марко Бислимовски, за Утрински  брифинг вели дека во овој момент нема поднесено барање за поскапување на струјата.

Операторите барањата треба да ги достават до крајот на месецот, па потоа Регулаторната комисија ќе заседава. На пазарот цената на струјата се движи од 220 до 230 евра за киловат час, а исто висока цена имаме и за цела 2023 година. Заштита од високи цени на струјата е зголемување на домашното производство. Тоа го видовме на почетокот од енергетската криза – Босна и Бугарија вишокот на струја го продадоа по многу високи цени и добро заработија, вели Бислимоски.

Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »