Промовирани огласи »

Советот на Град Скопје, на денешната седница донесе Одлука за надоместок на материјална и нематеријална штета предизвикана од бездомни кучиња на јавни површини.

Со оваа Одлука се утврдува вонсудско спогодување во постапка по која ќе може да се исплаќа штета согласно со судските практики. Вонсудското спогогодување е во полза на намалувањето на енормните трошоци кои произлегуваат од судските постапки и сите пропратни процедури, а исто така е полезно и за оштетените во остварувањето на правото.

Трошоците за судските постапки, жалбените постапки, одговорите на жалбите, адвокатски услуги  во 2020 година го чинеа Град Скопје повеќе од  15 милиони денари, во 2021  година повеќе од  26 милиони денари. Во 2020 година беа поднесени 480 тужби против Град Скопје, додека  во 2021 година се поднесени 589 тужби. Оттука носењето на Одлуката за вонсудско спогодување ќе заштеди многу средства  во градскиот буџет.

Согласно со новата Одлука ќе биде оформена Комисија која ќе одлучува за начинот и исплатата на штетите од каснување предизвикано од  бездомни кучиња. Комисијата ќе одлучува врз основа на Правилник за склучување на спогодба со оштетени граѓани.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска одлучи дека цените на бензините и дизелот нема да се променат.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит и ќе изнесува 82,50 ден/лит.

Од 21.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 82,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 51,599 (денари/килограм).

Промовирани огласи »

Цената на зејтинот ќе биде меѓу 2,20 – 2,40 евра или максимум 2,50 евра и ова цена ќе се задржи, особено по празниците. Ќе има и доволно количини масло за јадење во маркетите. Граѓаните не треба да стравуваат, ниту да купуваат повеќе за да трупаат залихи, рече денеска генералниот директор на фабриката „Благој Ѓорев“ во Велес, Горан Лазов.

Не очекувам поскапувања. По празникот цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха, ќе има доволно зејтин на пазарот, истакна Лазов по средбата со министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски кои ја посетија фабриката.

Според Лазов, во Бугарија цената на зејтинот е 180 денари или шест лева, а во Грција околу четири евра. Одговорајќи на новинарски прашања, директорот нагласи дека има и доволно суровина. Во континуитет се вршат набавки од Бугарија.

Лазов изрази надеж дека на македонските земјоделски површини сончогледот повторно ќе се врати.

Порано произведувавме околу 40 000 тони сончоглед, а лани откупивме помалку од 4 000 тони. Тоа е само 10 отсто од она што сме го имале како држава, подвлече Лазов. ад/мч/

Годишно капацитетот на фабриката „Благој Ѓорев“ е  40 000 тони сончоглед, а може да се складираат 16 000 тони сурово масло.

Ако се зголемат површините, ќе го откупиме целото производство, нема да оставиме ниту едно зрно неоткупено, истакна директорот.

Претходно, министрите уверија дека зејтин има, како и суровина. 

Промовирани огласи »

Дали знаеш дека работата која подразбира техничка поддршка сè повеќе се смета за динамична професија која нуди бескрајни можности за напредок како на лично така и на професионално ниво? Комуникација со луѓе ширум светот, подобрување на јазичните познавања, стекнување на нови знаења, усовршување на вештини клучни за твојата понатамошна кариера се само дел од нештата во кои ќе можеш да уживаш доколку станеш дел од тимот кој ги прави среќни и задоволни корисниците на една од светските водечки телекомуникациски компании!

Аплицирај на следниве работни позиции:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

KОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ 

KОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »