Kорисничка поддршка со француски јазик во областа на туризмот

За компанијата: Специјализирани за искуство со клиенти, продажба и маркетинг преку гласовни и дигитални канали. повеќе за компанијата »

Дали знаеш дека туризмот достигна ново ниво на услуга и дека постојат тимови кои се тука за да ги решат прашањата на клиентите на што е можно поефикасен и едноставен начин како и да им ги дадат најдобрите можни совети? Токму ти можеш да станеш дел од еден таков тим и да им го направиш пријатно и незаборавно целокупното искуство на патниците кои ги користат услугите на еден од најголемите туроператори во светот! 

 

Што можеш да очекуваш од првиот ден на твојот работен ангажман?

  • Конкурентна плата од 43.000 денари
  • Платена обука
  • Можност за работа од дома по успешно совладување на обуката и периодот на прилагодување
  • Можност за напредок - новиот тим штотуку се формира и ќе бидат потребни идни лидери 
  • Со тек на време ќе се усовршуваш и ќе напредуваш, градејќи ја својата кариера во областа која најмногу те интересира

 

Стани дел од новиот германски тим и патувај онлајн низ целиот свет!

 

На корисниците ќе им обезбедуваш информации кои се однесуваат на:

  • Прашања од секаков тип во врска со нивните резервации (трансфери, сместување, екскурзии, активности и слично)
  • Промени, дополнувања или откажувања на резервациите
  • Наоѓање на најдобро решение за поплаките на патниците
     

Како да знаеш дека ти си вистинската личност за нашиот тим? 

  • Одлично зборуваш и пишуваш на француски јазик 
  • Комуницираш и на англиски јазик до B1 ниво 
  • Комуникативен/на си и сакаш да им помагаш на луѓето
  • Тимски играч си и уживаш во динамично опкружување
  • Мотивиран/а си и одговорен/на 
  • Те инспирираат патувања и туризам како индустрија во подем
  • Сакаш да се развиваш во оваа индустрија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »