Промовирани огласи »

Македонија и официјално е подготвена за тргување со гасот во рубљи. По речиси два месеци пауза, руската рубља е вратена на курсната листа на Народна банка, а гувернерката Анита Ангеловска Бежоска вели направени се сите потребни измени и не постојат никакви пречки за редовна достава и плаќање на рускиот гас во рубљи доколку е потребно.

Структурните реформи мораат да продолжат и покрај предизвиците со кои се соочуваат земјите – ова беше една од порките која денеска гувернерката ја испрати заедно со потпретседателката на Европската инвестициска банка, Љиљана Павлова.

Со цел надминувањето на предизвиците кои ги наметнува тековната ситуација, од европската инвестициска банка најавија поддршка за земјите од Западен Балкан.

Дополнително во Народната банка се прават и новите проекции, кои треба да бидат готови до средината на следниот месец, а ќе покажат дали ќе има ново зголемување на каматните стапки. Откако пред околу еден месец беше донесена одлука за зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени.

Од Народата банка уште еднаш повторуваат денарот е стабилен, таков и ќе остане, а во земјава најава за рецесија нема.

Промовирани огласи »

Грчката влада денеска одлучи, од 1 мај се укинува ковид-сертификатот за влез во земјата. 

Грчката влада го прифатила предлогот на Министерството за здравство за укинување на сертификатот како услов за влез во земјата. Мерката ќе важи до 31 август, а за каква била евентуална промена  по потреба дополнително ќе се донесе одлука.

Во регионот состојбата со ковид заразени се смирува, а со тоа се олеснуваат и мерките. 

Промовирани огласи »

Поговорката вели дека се е работа на договор, но малку кој се држи до неа. Многумина во преговори се впуштаат без страв, други со резерва, а трети пак не се ни обидуваат да преговараат. Преговорите се составен дел од секојдневието. Еве неколку практични совети како да ги подобрите своите техники на преговарање и да ги свртите работите во своја корист.

Делете комплименти

Пред да преминете на главното, обидете се да го “омекнете” соговорникот. Бидете љубезни, веројатноста да го добиете тоа што го сакате е поголема.

Прашајте дали постојат исклучоци

Дури и ако соговорникот цврсто стои на својот став, не се откажувајте. Следно што треба да направите е да прашате дали постојат исклучоци и дали никогаш до сега не отстапил од договореното.

Понудете решение

Кај преговарањето понекогаш е важно да знаете точно да го составите и да го кажете тоа што го сакате. Ако, на пример, се жалите на услугите на некоја компанија, понудете им предлог како да се реши проблемот. Ако не го прифатат вашиот предлог, ќе мораат да ви понудат алтернативно решение.

Повикајте се на правилата

Ако, на пример, се обидувате да решите проблем со некој продавач затоа што се чувствувате измамени, инсистирајте вашиот соговорник да ви ја објасни политиката на работењето или поставените стандарди на стоката што ја продава, притоа потсетувајќи го колку долго сте негов потрошувач. Поставувајте прашања како “Дали е тоа официјален став на компанијата?” или “Како ќе ја вратите мојата доверба?”

Бидете самоуверени

Кај преговорите, покрај пријателскиот настап и насмевка, секогаш е важно до крај да останете самоуверени и сталожени. Дури и во ситуации кога вашиот соговорник ќе почне да ви се обраќа на повисок тон, останете мирни.

Моќта на тишината

Бројните искуства велат дека некогаш, откако во преговорите ќе слушнете “не”, неколку секунди молчење од ваша страна можат да бидат многу корисни.

Промовирани огласи »

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »