Промовирани огласи »

Цените на становите во првиот квартал годинава бележат раст од 12,4 проценти на годишно ниво, а на квартално за 2,9 проценти, покажуваат податоците на Народната банка.

Во првиот квартал лани беше регистрирано зголемување на цените на становите за 3,2 процента, во вториот за 4,1 процент, во третиот за 5,8 проценти, а во четвртиот за 11,2 процента.

Извештајот на НБ за монетарните движења во март годинава покажува дека кај одобрените станбени кредити на физички лица е забележан месечен раст од  1,5 проценти, при годишен раст од 15,8 проценти.

Од вкупно издадените 250 одобренија за градба во март годинава, 138 се наменети за објекти за високоградба.

Во периодот јануари – декември  лани во базата на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности се внесени 33.270 трансакции, од кои 25.010 продажби на недвижности  во вредност од 914 милиони евра и 8.260 закупи на недвижен имот. 

Промовирани огласи »

Од јули новите модели на автомобили ќе мораат да имаат вградено црна кутија налик на авионите кои ќе ги бележат однесувањето на возило за време на сообра ќајна не среќа.
Црната кутија ќе се се вика „Event Data Recorder“ (ЕDR).

Oвој уред ќе биде инсталиран во внатрешноста на возилото и ќе може да се прегледаат 5 секунди пред несреќата и три секунди после судирот.

Од 2024 година ЕДР ќе биде задолжителен за сите нови возила.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Владата на денешната седница одлучи да ги укине сите останати ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките, јавниот превоз и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби, објави на својот Фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

Тој посочува дека одлуката на Владата следи по заклучокот на Комисијата за заразни болести за стабилната епидемиолошка состојба во земјава.

Владата препорачува практикување на основните превентивни мерки за лична заштита од Ковид-19, напиша Груби.

Комисијата за заразни болести на состанок одржан на 27 април препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со КОВИД-19, освен задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Комисијата сепак упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и  хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца.

Од Комисијата потсетија и дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.

Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со КОВИД-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки, соопшти минатата недела Министерството за здравство. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »