Промовирани огласи »

Голема хуманитарна акција на „Нептун“ за поддршка на децата од СОС Детско село

Купувајте од производите означени со насмевка во продажните салони на „Нептун“ и донирајте за децата од СОС Детско село. Нептун Македонија ДОО од 10 до 31 мај спроведува кампања “Неверојатен попуст на грижа, љубов и внимание”. Со секој купен производ кој е дел од компаниската промоција, купувачите во „Нептун“ имаат можност да се вклучат во донаторска акција и да дадат свој придонес помагајќи им на децата и младинците без родителска грижа.

Грижата за заедницата е дел од корпоративната култура на „Нептун“, а со оваа кампања компанијата оди чекор понатаму. Намерата е да се вклучат и потрошувачите, односно да се прати порака дека со купување на овие „хуманитарни” производи од „Нептун“ и тие индиректно донираат и учествуваат во поддршката на најранливите категории – децата без родителска грижа.

- Во оваа кампања „делиме гратис насмевки“, наплаќаме „0% камата на детската радост“ и даваме неверојатен “попуст на љубов, грижа и внимание“. Како стратешки партнер на СОС Детско село сметаме дека грижата за децата и младите во социјален ризик треба да биде дел од културата на живеење на целата заедница и дека треба да ги поттикнеме сите што се во можност да се вклучат во активностите за нивна поддршка. Помагајќи им на децата без родители и родителска грижа, за возврат добиваме огромно емотивно задоволство дека на овие деца сме им овозможиле еднакви можности како и на другите деца кои ја имаат таа среќа да растат во стабилни семејства – истакнуваат од „Нептун“.  

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

На редовната 42-ра седница, Владата ги прифати предлозите на Главниот координативен кризен штаб утврдени според препораките на Комисијата за заразни болести. Ова значи дека престануваат да важат мерките и протоколите за заштита од ковид-19 во предучилишните установи, соопштија од Министерството за труд и социјална политика.

Според одлуките на Владата, престануваат да важат сите рестриктивни мерки освен задолжително носење заштитни маски во здравствените установи, аптеките и во установите за згрижување возрасни лица и лица со попреченост.

Промовирани огласи »

Албанската министерка за финансии, Делина Ибрахимај на заедничката прес-конференција со македонскиот министер Крешник Бектеши изјави дека од утре почнува увозот на сончогледово масло од Македонија, кое претходно главно се увезувало од Украина.

Република Македонија утре ќе донесе важна одлука со која ќе се отвори извозот на сончогледово масло во Албанија, производ кој главно беше увезуван од Украина. Кај нас се чувствуваше недостиг како и на меѓународните пазари, што е и причината зошто цените се повисоки. Сакам да му се заблагодарам на министерот Бектеши за конструктивните разговори и сакам да гарантирам дека односите меѓу двете земји на полето на трговијата ќе продолжат да бидат многу добри, рече Ибрахимај.

Таа додаде дека ќе продолжи олеснувањето на сите процедури во рамки на Отворен Балкан.

Поради недостиг на масло за јадење во Албанија, чија цена е 3,1 евро, голем број албански граѓани од пограничните региони со Македонија зејтин главно купуваат во Дебар, Струга, Охрид и Ресен.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »