Промовирани огласи »

Бројот на германски граѓани кои годишно заработуваат повеќе од еден милион евра нагло порасна, соопшти германската канцеларија за статистика.

Во 2013 година 17.400 даночни обврзници пријавиле приходи поголеми од еден милион евра, што е за 20 отсто повеќе отколку во 2010 година.

Просечен бруто приход во групата на милионерите изнесува 2,7 милиони евра.

Кај 79.200 даночни обврзници, кои имаат приход поголем од 250.731 евра годишно, се применува најголемата даночна стапка од 45 отсто.

Истовремено, 9,6 милиони даночни обврзници се ослободени од плаќање данок бидејќи нивните годишни приходи не надминуваат 8.131 евра.

Причините што оваа даночна статистика с еобјавува со три години задоцнување лежат во долгите рокови за даночна пријава. Во Германија тие можат да се предадат и две години по завршената фискална година.

Промовирани огласи »

Дали ќе плаќаме повисоки или пониски сметки за струја, останува да видиме овие денови.

Каква цена на струјата ќе плаќаме од 1 јули ќе се знае веќе утре. Регулаторната комисија има рок до крајот на овој месец да ја соопшти новата цена која ќе важи од 1. јули и ќе важи до 1. јули 2018 година.

Од Регулаторната комисија за енергетика официјално не обелоденуваат колку ќе чини киловат-час електрична енергија за домаќинствата.Неофицијално меѓутоа се говори за намалување на цената за 0,25 отсто.

Минатата година струјата поевтини за 0,25 отсто, додека претходно за 0,33 отсто.

Промовирани огласи »

Според годишната ранг-листа на Passport index со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји, што ја рангира Македонија на 40 место во светот.

Според оваа листа, најценет пасош имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив следуваат Шведска и Јужна Кореја (158 земји), треторангирани се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и САД (157), на четврто место се Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија (156), петти се Малезија, Ирска и Канада (155), шести Грција, Нов Зеланд и Австралија (154), седми Малта и Исланд (153), осма е Унгарија (151), на деветтото место се Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Летонија (150), а на десеттото место е пасошот на Естонија (149).

Во соседството и во поширокиот регион, најценет пасош имаат граѓаните на Грција (6 место) кои без виза можат да патуваат во 154 држави, потоа следува Словенија (9 место), а по неа најдобро рангирани се Бугарија и Хрватска на 14 место, со чии пасоши може да се влезе во 144 земји, 37 е Србија (112 земји), на 43 место се Турција и Црна Гора (105), 47 е Босна и Херцеговина (101) и 48 Албанија (96), а според ранг-листата, последното место од регионот го зазема Косово, со чиј пасош може да се патува во 41 држава.

На дното на листата на која се рангирани 199 земји во светот, се наоѓаат Авганистан, Пакистан и Ирак, со чии пасоши може да се патува без виза само во дваесетина држави.

Промовирани огласи »

По напорно работење цела година, следува летниот годишен одмор кој им следува на сите редовно вработени лица во државава.

Македонците во просек летуваат по 10 денови а се почесто во последно време се присутни и 8 дневни аранжмани од агенциите.

Направивме една кратка анализа на што всушност се трошат парите додека сме на одмор и како да заштедиме избегнувајќи некои од нив:

Начин на патување

Сите најчесто го одбираме најкраткиот начин да стигнеме на дестинацијата меѓутоа тоа најчесто чини и најмногу пари. Особено додека сте млади и немате деца, дозволете си да патувате со автобус или автомобил наместо со авион и со тоа речиси дупло ќе заштедите на патните трошоци.

Апартман наместо хотел

Апартманите се поисплатлива опција и истите нема да ве ограничат кога да станете наутро или кога да вечерате навечер. Сепак, може да се најдат прекрасни вили кои нудат студија и апартмани со поглед на море или пак градина и базен во кои ќе уживате уште повеќе.

Ресторани и кафулиња

Добро е познато дека на море цените во рестораните и кафулињата се поскапи од локалните цени.

Пред да патувате, прочитајте во кои ресторани во регионот има добра но поефтина храна или пак во последен случај понесете барем неко намирници кои не се расипуваат а ќе можете да ги искористите за вашиот доручек или вечера.

.

Не изнајмувајте лежалки и чадори за сонце секој ден

На плажа отидете подготвени, со себе земете лежалка и чадор за сонце. Ова ќе ве потсети на времето кога одевте на одмор со вашите родители. Лежењето на пешкир на песок е по романтично и со тоа ќе заштедите од 5 до 10 евра дневно.

Не купувајте подароци за сите кои ги познавате

Сепак вие сте на одмор за да се одморите и да поминете повеќе време со саканите или пак семејството. Дали навистина сметате дека на некој ќе му го промените денот со купен магнет од море кој ќе чини најмалку 5 евра?

Сигурно поинтересно ќе биде да ги гледаат вашите фотографии и да ве слушаат за вашето искуство на заедничко кафе кога ќе се вратите и кое ќе чини помалку и од магнетот кој најчесто ќе биде зафрлен во кујната.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »