Промовирани огласи »

Германските производители на пиво стравуваат дека би можеле да се соочат со недостиг на пивски шишиња, делумно поради зголемената цена на енергетски интензивниот процес потребен за нивно производство.

„Ќе почувствуваме недостиг најдоцна до лето“, изјави во средата Холгер Ајхеле, извршен директор на Здружението на германски пивари, додавајќи дека ситуацијата е екстремно напната.

Покрај трошоците за производство, недостигот на возачи на камиони го отежнува одржувањето на синџирите за снабдување, рече тој.

Пиварите без долгорочни договори треба да платат 80 отсто повеќе за нови стаклени шишиња отколку пред една година, рече Аjхеле, додавајќи дека некои пиварници би можеле да останат без работа бидејќи наскоро може да снема шишиња.

Потрошувачите треба што поскоро да ги вратат празните шишиња во продавниците за да се олесни ситуацијата, рече тој.

Купувачите во Германија при купувањето плаќаат депозит на стаклени и пластични шишиња, кој се враќа кога шишињата ќе се вратат за повторна употреба.

Заменик-претседателот на Здружението на пивари Берлин-Бранденбург, Штефан Фриче, смета дека недостигот на шишиња главно ги погодил малите и средните пиварници.

Тоа ја загрозува различноста на германскиот пазар на пиво, нагласи тој.

Промовирани огласи »

Промовирани огласи »

Македонските работници во странство во 2021 како дознаки испратиле 344,45 милиони евра, од кои 19,92 милиони биле одлив, покажуваат обработените податоци од Народна банка кои ни се испратени за минатата година.

Тоа е значителен прилив по официјалните канали како банки и брз трансфер на пари, според критериумите на НБ, ако се знае дека деценискиот просек од 2010 до 2020 беше редовно нешто повеќе или нешто помалку од 180 милиони евра. Отскокнување имаше и во 2020 со прилив од 262,04 милиони евра, според податоците на централната банка.

Податоците на Евростат објавени на крајот од минатата година покажаа дека во текот на 2020 година, од земјите на Европската Унија (ЕУ) кон балканските земји испратени се над 8,5 милијарди евра.

Според методологијата на Еуростат, во текот на 2020 година дијаспората испратила 361 милион евра во Македонија, што е околу 3,4 проценти од бруто-домашниот производ на земјата. Тоа е убедливо најмал процент на учество во БДП доколку се споредат податоците со земјите во Западен Балкан.

Од Народна банка често нагласуваат дека е тешко да се посочи на прецизен износ, поради поголемата застапеност на дознаки во готовина, колкава е вкупната и реална сума испратена од иселениците.

Според Народна банка, вообичаено од испратените пари, делот во готовинска форма го сочинуваат над 70 отсто од вкупните приватни трансфери, додека дознаките кои доаѓаат во нашата економија преку формалните канали е помалку од една третина.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк

Промовирани огласи »

Во соработка со Министерството за внатрешни работи, во секое маало во Општина Центар се враќаат полициските редари-позорникари. Оваа информација пред граѓаните во населбата Пролет ја сподели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој во присуство на двајца полициски службеници и инспектор за превенција на криминалитет при СВР Скопје, рече дека со овие маалски патроли, кои се враќаат најпрво во Општина Центар, ќе се зголеми безбедноста и спокојот на граѓаните.

Враќањето на позорникарите во маалата беше барање но и реална потреба за граѓаните и мило ми е што со МВР успеавме да го реализираме. Отсега секое маало во Општина Центар ќе биде покриено со 1 до 2-ца позорникари кои ќе патролираат и ќе ги заштитуваат граѓаните. Доколку ги сретнете низ вашето маало запознајте се и побарајте совети како да го заштитите вашиот дом од кражби, кои се сѐ почести во летниот период. Во минатото маалските полицајци беа симбол на безбедноста во едно маало, а родителите беа сигурни да ги пуштаат децата на улица безгрижно да играат. Се надевам дека оваа сигурност повторно ќе ни се врати, затоа што полицајците позорникари ќе бидат нашите пријатели – заштитници, рече Герасимовски пред граѓаните.

Полициските службеници пред граѓаните споделија основни совети за подигнување на безбедноста на домовите, при што ги поттикнаа доколку приметат нешто сомнително, да го пријават на телефонскиот број 192.

Инаку, маалскиот-полицаец треба да превенира и да обезбеди безгрижна детска игра надвор и безбедно враќање на тинејџерите дома. Тој го заштитува животот, личната сигурност и имотот на граѓаните, спречува извршување на казниви дела и загрозување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, укажува потребна помош и заштита на граѓаните и врши набљудување на подрачјето и безбедносната состојба во населбата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »