Промовирани огласи »

Никола Гравчев е назначен за нов управител на Друштво за производство, трговија и услуги ЕЗЕРО МХЕ ДОО Скопјe, компанија во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Според објавата на Централниот регистар, пренесува Е- магазин, Анѓушев повеќе не е управител на оваа компанија.

Никола Гравчев е назначен и за управител во Друштво за производство, трговија и услуги Мали Хидро Електрани ЛЕТНИЧКИ ИЗВОРИ ДОО.

Скопје Друштво за производство, трговија и услуги Мали Хидро Електрани ГОРНО БЕЛИЧКИ ИЗВОРИ ДОО Скопје, исто така во сопственост на Кочо Анѓушев.

Според објавата на Централниот регистар тој веќе не е управител и во овие две компании.

Промовирани огласи »

Од денеска цената на струјата се намалува за 0,25 проценти што значи дека граѓаните ќе плаќаат пониски сметки за струја.

Ваква одлука донесе Регулаторната комисија за енергетика на подготвителна седница. Цената на електричната енергија беше намалена и минатата година од први јули.

Промовирани огласи »

Истекува рокот во кој министрите од новата Влада треба да ги поднесат анкетните листови за имотот што го поседуваат. Голем дел од нив тоа се уште не го сториле, иако имаат рок од 30 дена од стапување на функција, а со оглед дека беа назначени на први јуни, на располагање имаат уште еден ден.

За дел од министрите, и претходно ги имаше анкетните листови, бидејќи беа избрани пратеници или пак беа во техничката влада, па со тоа нивните податоци беа објавени. Сега само ја имаат внесено новата функција и промените на имотната состојба што во меѓувреме е направена. Но, поголем дел од министрите се уште не ги доставиле податоците за својата имотна состојба.

Премиерот Зоран Заев пријавил дека не поседува ниту куќа, ниту возило, а на негово лично име пријавил само Побарувања по основ на даден заем од 2012 година во вредност од 4.300.000 денари. Инаку, пријавил куќа од 400 метри квадратни во Струмица во вредност од 18.500.000 денари, земјоделско земјиште на нивно име во Муртино во вредност од 2,460.000 денари деловен простор од 60 м2 во Струмица вреден 3.690.000 ден., Стан од 65 м2 во Струмица во вредност од 1.845.000 денари акции на нивно име. Неговата сопруга има орочен девизен депозит од 445.445 денари и орочен депозит на децата од 1.648.269 денари во Шпаркасе банка.

Министерот за економија Крешник Бектеши поседува имот вреден 2 милиони евра. Кичево, Приштина, но и во Каваја во Албанија и како и Базел во Швајцарија се местата каде семејството на Бектеши поседува недвижен имот. Освен куќи и станови, семејството на министерот за економија поседува и земјоделско земјиште, градежен простор, како и деловен простор. Бектеши на негово лично име им и три автомобили Мерцедес Бенз 2012, Хјундаи туксон 2015 и Голф 4.

Близу 440 илајди евра вреди имотот на министерката без ресор, Зорица Апостолска. Апостолска во Владата доаѓа како кадар на НСДП.

Поседува куќа и стан во Скопје, но и куќи во Ресен и Ростуше. Во нејзиниот анкетен лист е наведено дека има два автомбили форд фокус и поло фолксваген. Има штедни влогови на нејзино име, на име на сопругот и децата. А месечно, по 200 евра добива и од кирија за станот што го издава.

Министерот без ресор, Едмонд Адеми, има имот од околу 30 илјади евра. Нема куќа, ниту стан. Но, наведува дека има преддоговор за купување на недвижен имот од 28 илјади евра, но не е наведено каква недвижност се купува. Адеми поседува автомбил Рено Меган од 3.000 евра, и штедна книшка од 25.500 евра.

Имотот на вицепремиерот Бујар Османи вреди 190 илјади евра, но Османи има и кредити од околу 90 илјади евра. Пријавил дека има куќа и два автомбили, Ауди А6 и Опел Корса. Неговата сопруга прима плата од 25 илјади денари, а пензијата на еден од неговите родители изнесува 17 илјади денари.

Васе Доневски, генерален секретар на Владата има имот од околу 90 илајди евра. Поседува куќа, стан, гаража и плац во Скопје. Од автомобил има Даеву Матиз. А дел од имотот се акции и пари на штедни книшки.

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, има имот вреден 210 илјади евра, а на почетокот на годинава си купил нов автомобил Рено Клио. Во анктениот лист, на име на неговото семесјтво пријавил куќа, земјоделско земјиште, двор и пасиште во Крива Паланка, додека на негово име има кредит од 10 илјади евра.
Возило пријавил на име на неговиот брат, Фиат Стило, вредно 180 илјади денари.

Дамјан Манчевски, кој е министер за информатичко општество и администрација, поседува имот од околу 25 илјади евра, но има и кредит од 14.000 евра. Мначевски не поседува ниту куќа ниту стан, но поседува градежно земјиште. Вози Сеат Алтеа од 2010 година и има пари на штедните книшки на сопругата и децата.

На страната на Државната комисија за спречување на корупцијата е објавен анкетниот лист на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска- Јанковска. Во делот на недвижен имот, нема промени споредено со анкетниот лист, кој беше објавен пред неколку месеци кој Шекеринска го достави по последните избори како пратеник. Според новиот анкетен лист, таа информирала дека на свое име поседува стан во Скопје од 50 метри квадратни, вреден 2,7 милиони денари, стекнат со купопродажба. На име на сопругот пријавила три стана, два во Скопје, еден во Охрид. Едниот во Скопје е во вредност од 13, 2 милиони денари, со квадратура од 163 метри квадратни, а другиот со квадратура од 61 метри квадратни, но нема податок колку вреди. Нема податок колку вреди станот во Охрид од 57 квадрати.
Шекеринска-Јанковска поседува и уметничка колекција, но нема податок колку вреди таа. Од издавање на стан месечно заработува 12 илјади денари, а пријавила и побарување по основ на даден заем од 610 илјади денари. Доколку се споредат двата анкетни листови се забележуваат одредени разлики во висината на сумите кои ги чува во банка или во делот на задолжувањата.

На веб страната на Државната комисија за спречување корупција е објавен анкетниот лист на министерот за правда, Билен Салију. Неговиот анкетен лист како министер е различен во делот на неговите задолжувања со тој што го има доставено од порано како директор на Државен инспекторат за шумарство и ловство. На свое име не поседува недвижен имот.
На име на родителите пријавил куќа во Добри Дол, Гостивар, добиена од наследство, но не ја навел нејзината вредност. Како личен имот пријавил возило Фолсфаген Венто, вредно 200 илјади евра. Салију во претходниот анкетен лист како директор имаше пријавено кредит од 600 илјади (го зел во 2009 година, со период на отплата од шест години) и од 245 илјади денари (го зел во 2006 година, нема податоци за колкав период на отплата и дали се раздолжил). Во новиот анкетен лист како министер има повторно пријавено два кредита, од 1,2 милиони денари, го зел лани, а ќе го отплаќа до 2026 година и од 300 илјади денари, кој го зел во 2009 година, а нема податок дали го отплатил.

Новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како пратеник пријавил дека добил куќа на подарок од 309 метри квадратни во Куманово, вредна 7,3 милиони денари. Пријавил и куќа на име на родителите во Старо Нагоричани, вредна 1,2 милиони денари со квадратура од 60 метри квадратни, исто така стекната со договор за подарок. На име родителите пријавил неколку парцели земјиште и шума во Старо Нагоричане и Куманово. И овој недвижен имот е стекнат со договор за подарок. Вози Пежо 307, вредно 300 илјади денари. На име на родителите пријавил Шкода Фабија, вредна 240 илјади денари. На свое име пријавил и уметничка колекција, вредна 260 илјади денари. Има пари на неколку сметки, но и кредит од 600 илјади денари.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески пријавил дека поседува куќа во Прилеп од 67 м2 во вредност од три милиони денари, стан во Скопје од 45 м2 вреден 2.580.000 денари, градежно земјиште во Прилем од 553 м2 стекнато со наследство, како и три земјишта под објект од 111 м2, 17 м2 и 19 м2, стекнари како наследство без наведена вредност и моторно возило Сеат Кордоба вредно 810.000 денари.

До Државната комисија за спречување корупција новата министерка за образование, Рената Дескоска, како пратеник, пријавила дека на свое име не поседува куќа или стан, а ни нејзиниот брачен партнер, или некој друг од семјството. На свое име таа има пријавено хонорари и сметки во банки, но не дала податок за какви суми станува збор. На име на брачниот партнер пријавила возило Ланос, вредно 400 илјади денари, како заедничко возило, Мазда вредна 400 илјади денари, а како заеднички имот пријавила и накит вреден 600 илјади денари.

Зоран Шапуриќ има пријавено имот како советник и член на Совет на Град Скопје, а не како министер без ресор. Сепак, неговиот анкетен лист е полн со поседување акции, три стана во Скопје, негов автомобил Хјундаи, возило на сопругата Сеат Ибица. Тој има приход и од авторски хонорар, повеќе трансакциски сметки, девизни заштеди орочени девизни заштеди во евра, швајцарски франци, долари…

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика, министерката за труд и социјална политика, министерот за надворешни работи НИкола Димитров, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за здравство Арбен Таравари, министерот за локална самооуправа Сухел Фазлиу, министерот за култура Роберт Алаѓозовски, министерот за животна средина Садула Дураку, министерите без ресор Роберт Поповски, Самка Ибраимовски, Рамиз Мерко, Аднан Ќахил, немаат поднесено Анкетни листови.

Промовирани огласи »

Maud Durand Од Фејсбук ќе го отвори Global HR Самитот во Скопје

Глобал HR Самитот Скопје, Македонија е првиот меѓународен настан за човечки ресурси кој ќе се одржи на 29 септември 2017 година во Скопје и замислено е да вклучува презентации од страна на некои од најпознатите светски признати експерти за човечки ресурси и практиканти од Facebook, Unilever, Gazprom, ING и фармацевтскиот гигант Novo Nordisk.Денес, со вас, КАРИЕРА.мк сака да сподели ексклузивно интервју со Maud Durand, стратешки ЕМЕА Sourcer на Фејсбук и еден од најиновативните лидери во областа на човечки ресурси во компанијата.


Магистрирала во управување со човечки ресурси, и смета дека HR е професија, која секогаш ја инспирира и ја турка да оди понатаму и подлабоко во нејзините идеи. Таа неодамна работеше за LinkedIn, каде што имаше можност да им помогне во креирање и спроведување на скалест модел за регрутирање. Maud тука повторно се стакнува со искуства за важноста на регрутерството и одбирањето на кадар во процесот на вработување и повеќе од било што, комбинирање на нешта што таа ги сака: здобивање со нови таленти, бизнис партнерство и стратегија. На нејзината моментална позиција во Фејсбук, таа е стратешки регрутер и внатрешен соработник, помагајќи му на бизнисот да има подобра слика за тоа какви таленти има во пресрет и воведувајќи канал преку кој компанијата ќе се здобива со врвни апликанти.

Кажете ни нешто повеќе за себе и вашиот професионален пат, како одлучивте дека човечките ресурси ќе бидат вашиот избор?

За мене човечките ресурси се професија која секогаш ме инспирира и ме турна да одам понатаму и подлабоко во моите идеи. Јас магистрирав менаџмент на човечки ресурси и работам во оваа област веќе од 2009 година. Го запознав начинот на вработување многу одамна, дури пред да се појават сајтовите за вработување, во времето кога се ловеа таленти на традиционален начин.

Тој период ме научи на пркос и креативност, која ми помага секој ден да дојдам до нови возбудливи талент проекти.
По ова имав можност за прв пат да ја откријам брзорастечката средина во светот на високата технологија, и работев во Dell како консултант за ЕМЕА таленти ( луѓе од Европа, Блискиот Исток и Африка ) и нивни надворешен член.

Со голем интерес кон индустријата, јас исто така потрошив две години како HR Business Partner во стаклената индустрија. За тоа време, решив да ја проучувам ”Place of humans in Merger & Acquisitions” проблематиката како предмет на изучување за мојата магистерска дисертација. Тој проект е почетна точка на планот за промена во менаџментот и можност за отворен дијалог со синдикатите во фабриката.

Начинот на кој што регрутираме се промени како последица на технолошкиот напредок. Која е вашата визија за регрутирање во денешно време?

Еден мудар човек еднаш рече: ”Суштината на успешно регрутирање е да се лови риба онаму каде што се рибите”, сосема клише нели? Не, навистина. Дознајте каде да барате и поточно, што да барате? Ова е предизвик со кој што се соочуваат многу компании, но понекогаш тоа не го разбираат. Sourcing & Talent Insights стратегијата е еден од клучните начини како да го подобриш полето каде што ќе најдеш нови таленти и значително ќе го намалиш времето кое што ти е потребно за да ги најдеш вистинските луѓе кои што сакаш да ги вработиш.

Кои проекти во поглед на човечките ресурси ве гордеат најмногу?

Постојат неколку проекти кои претставуваат мое лично задоволство да се биде дел од нив:
• Talent Insights & Market Map (За првпат од овој тип во Европа, Блискиот исток и Африка) во Facebook
• Development & Implementation of an Insights sharing platform (за целиот тим кој работи во регионот Европа, Блискиот исток и Африка) во Facebook
• Член во креирањето и воведувањето на регрутирачкиот модел во LinkedIn
• Тренинг план и примена на стратегии во OI
• Sales Academy (Програма за пракса со 70 практиканти, односи со училишта, интегрирање и помош при нивните почетоци) во Dell.

Сте работеле за LinkedIn и Facebook во областа на пронаоѓање таленти, како би ги споредиле двете компании?

Главната разлика, мислам дека e флексибилностa на процесите и правилата кои ги налага Facebook во споредба со LinkedIn. Facebook е малку помлад од LinkedIn и два пати поголем, и по мое мислење во фејсбук е сочуван претприемачкиот дух многу повеќе отколку во linkedIn. Чувствувам како се да е можно овде каде што се наоѓам во моментов!.

Како изгледа еден типичен ден на работа во Facebook за Вас?

Повеќето денови јас континуирано работам на:
• Пребарување на таленти
• Градење на мапа на пазарот на таленти
• Изградба на стратегии за регрутирање во области каде што сеуште е тешко да се регрутира
• Изложување на стратегиите и дискутирање на опциите со регионалниот директор и директорот за вработување.
• Пронаоѓам креативен начин како да ги најдам вистинските луѓе и како да ги исконтактирам истите
• Повикување на веќе пасивни апликанти
• разговори и дискусии и мониторирање на следните чекори
• Средби за вработување со разни компании

Вие сте во моментов со седиште во Ирска, како се споредува работна средина таму со остатокот од светот?

Бидејќи јас работам за Американска компанија и веќе имам работено за две други компании пред тоа, би рекла дека тие имаат некои сличности во организациска смисла - Хоризонтален менаџмент, сосема отворени и транспарентни и можеби и самата локација во Ирска атмосферата ја прави како да се чувствуваш акко да си дел од едно големо семејство, секогаш сите сме ЗА забава после работните обврски.

За да ja zapoznaete Maud и да поминete еден ден со некои од најпознатите светски признати експерти за човечки ресурси, резервирајте ги своите билети денес за Global HR Самитот во Скопје за човечки ресурси на следниов линк: http://www.thepworld.com/event/global-hr-summit-skopje

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »