Салвео Дооел Скопје

ЕМБС: 7200366
Индустрија: Здравство
Адреса: ул. Христо Татарчев бр. 13/9
Град: Скопје
Салвео е Фармацевтска Компанија основана 2017 година во Македонија, како Друштво со ограничена одговорност со седиште во Белград.
Компанијата постои повеќе од 10години на територијата во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина како и Полска.
Стратешки партнер на Салвео е Германската компанија Engelhard, произведувач на Prospan – растителен лек против кашлање, кој е лидер во својата категорија во светот и во Србија.
Целта на Салвео е изградба на здрави, успешни и познати трговски брендови на иновативни Фармацевтски производи.
Во тоа клучна улога има креативниот и динамичен тим на професионалци за продажба и маркетинг кои го следат развојот на работењето, како и успешен пласман на новите производи на Странските Фармацевтски компании на пазарот.
Растот и успехот на Салвео се резултат на деловната ориентираност на задоволство на нашите потрошувачи, деловни партнери и вработени.
Она што Салвео го чини единствен и препознатлив на пазарот се луѓето вработени во компанијата.
Доследноста, ентузијазмот, флексибилноста и отвореноста се особини кои ги карактеризираат вработените како својствени и посебни.
Салвео Македонија ги застапува производите на Германската компанија Merz, Холандската компанија Serrix а од 01.07.2021 е и генерален застапник на Германската компанија Engelhard со добро познатите брендови како што се Prospan, Trachisan, Isla пастили, Nisita, Esprico, Tyrosur.

Моментално нема активни огласи.




барај огласи за вработување » барај останати огласи »