Референт за продажба во Велес

За компанијата: СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија... повеќе за компанијата »

РЕФЕРЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА во Велес

                Потребни квалификации:

  • Минимум ССС;
  • Поседување вештини на продажба
  • Пожелно, но не е неопходно претходно работно искуство со продажба во некои од овие области: ИТ, ТВ, Бела Техника, Мали кујнски апарати, Aудио и Видео;
  • Познавање на работа со компјутер, Microsoft Office пакетот, Интернет пребарувачи;
  • Познавањето на англискиот јазик ќе се смета за предност;
  • Способност за комуникација со купувачот 
  • Способност за тимска работа

Нашиот референт за продажба:

  • Добро ги  познава производите, постојано ги следи најновите трендови во индустријата
  • Знае да ги открие потребите на купувачите
  • Придонесува за неповторливо купувачко искуство
  • Ги решава проблемите на клиентите и знае да се справи со различни типови на купувачи
  • Се грижи за тимот и со колегите заеднички се стремат кон поуспешна продажба во салонот

Ние нудиме:

  • Тимска работа и менторирање од колега со долгогодишно искуство
  • Работа во две смени, 40 часа неделно
  • Со распоредот на смените секој втор викенд е слободен
  • Основна плата и таргети кои зависат од искуството и успешноста во продажба
  • Обуки за напредок и усовршување на продажни вештини
  • Обуки од врвни производители на техника

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја Вашата кратка биографија (CV) - ЗАДОЛЖИТЕЛНО со слика не постара од 6 месеци на e-mail адресата  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »