Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје лого

Практикант за правни работи на определено време

(преземи го огласот во Word)

Друштво за ревизија РСМ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје објавува оглас за работно место: Практикант за правни работи на определено време (6месеци)

Опис на работното место:

Практикантот ќе има можност да се вклучи во различни правни активности и да ги извршува следниве задачи:

  • Помош при анализа, изработка и ревидирање на правни акти за потребите на друштвото;
  • Следење на актуелната законска регулатива и усогласување на правните акти согласно со законските промени и потребите на друштвото и клиентите;
  • Подготовка на дописи и извештаи за надлежните институции за потребите на друштвото и клиентите;
  • Помош при подготовка и организирање на документи и други материјали за правни активности;
  • Изработка на акти за промени во структурата на друштвото согласно со Законот за трговските друштва;
  • Комуникација со другите сектори и посредување при правни прашања;
  • Активно учество во секојдневните оперативни работи во друштвото.

Критериуми за работното место:

Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:

  • Дипломиран правник;
  • Познавање на компјутерски програми, особено MS Office;
  • Добро познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација);
  • Способност за работа во тим и самостојно извршување на задачите;
  • Одговорност, прецизност и внимание на детали;
  • Способност за работа под притисок и со почитување на кратки рокови;
  • Желба за учење и развој во правната област.

Ние нудиме:

  • Платена пракса на период од 6 месеци;
  • Полно работно време;
  • Можност за развој и надградба на правни вештини во динамично работно опкружување.

Вашата професионална биографија можете да ја доставите на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака „За работно место „Практикант за правни работи во одделот за правни работи, човечки ресурси и деловен развој“

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »