Legal & compliance officer

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ АД Друштво за неживотно осигурување Скопје вработува

Legal & compliance officer

Во Дирекција во Скопје

Работни задачи

  • Следење,анализа и известување за промените и развој на регулативата и прописи на Извршниот Директор и менаџментот на друштвото;
  • Изготвување на интерни акти / проверка на нивна усогласеност;
  • Следење на усогласувањето, давање на препораки и известување за детектирани неусогласености;
  • Следење на имплементација на одлуки на Одбор на директори
  • Усогласување на работењето на Одборот на директори и на Друштвото со прописите;
  • Организација на Собранијата на акционери и работата на Одборот на директори;
  • Правно застапување;
  • Координација со надворешните адвкатски друштва во врска со прашања од правна област;
  • Координација на подготовка и промена на интерните регулативи со цел да се обезбедат само важечките интерни регулативи да бидат достапни за користење на Друштвото;
  • Останати активности по налог на Извршен директор

Квалификации, вештини и искуство

  • Завршено високо образование – Дипломиран правник (положен правосуден испит)
  • Работно искуство од најмалку 3 години во областа (банкарски/финансиски сектор)
  • Аналитички и организациски способности (прецизност, одговорност и проактивност)
  • Познавање на регулативата
  • Одлично познавање на англиски јазик, деловна кореспонденција и говор;
  • Познавање и активно користење компјутерски алатки (MS Office, Outlook)

 Добро е да си во CROATIA

  • Вработување на полно работно време/неделното работно време е 40 часа ;
  • Компетитивна плата плус бонуси
  • Програма со Бенефиции за вработени;
  • Работа во компанија со традиција од 138 години, во позитивна, инспиративна и динамична работна средина;
  • Континуирана едукација во рамки на групацијата Croatia Osiguruvanje и од надворешни обучувачи во земјата и странство;

Кандидатите кои ги исполнуваат условите, апликациите да ги достават на емаил [најави се за да го видиш е-маилот] со рок до 20.01.2024 година и со назнака – ,,ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НA LEGAL COMPLIANCE”.

Оние кандидати чии квалификации ги исполнуваат барањата и потребите на компанијата, телефонски или по електроски пат ќе бидат повикани на разговор. а изборот ќе се изврши не подоцна од 05.03.2024 година. Со испраќање на апликација за вработување апликантите се согласни своите лични податоци да се користат за намена на предметниот Оглас за вработување. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »