Работно место: Оператор во магацин
Сектор: Набавка и логистика
Оддел: Магацин
Компанијата Бадел 1862, согласно со потребите, распишува оглас за работната позиција оператор во магацин.
Работни обврски:
- Прием, складирање (редење и пакување), обележување и утовар на производи
- Аплицирање акцизни маркички на производите во магацинот за акцизни производи
- Подготовка и пакување украсни и акциски пакувања за потребите на продажниот тим
- Визуелна контрола на магацинот
- Преместување, прередување и распределување производи во магацинот согласно потребите
- При прием, сладирање и утовар на готови производи водење евиденција и изготвување соодветна документација според работно упатство за складирање и утовар на производи во магацин
- Контрола на квалитетот на производите и нивното складирање и чување во магацинот
- Ефикасна и ефективна помош и поддршка во работатата на раководителот на магацинот
- Работење според инструкциите за работа во организациската единица
- По налог на претпоставен врши и други работи и работни задачи во истата или друга организациска единица за кои претходно има добиено соодветна обука
Организациски обврски:
- Однесување во согласност со вредностите на компанијата
- Ентузијазам, одговорност и чесност во работењето
- Самодисциплина и посветеност кон работата
- Одговорно, квалитетно и навремено извршување на работните обврски и задачи
- Одговорност кон својата работа во случај на несакани грешки и пропусти
- Позитивно прифаќање на сугестии и конструктивен фидбек
- Креативност во наоѓање поефективни и поефикасни начини за завршување на работата
- Желба за учење и развој
- Вклученост во развојот на компанијата преку свои предлози и идеи за оптимизирање и подобрување на системите, работните процеси и начинот на работа
Компанијата Бадел 1862 е повеќе од 30 години на македонскиот пазар и е лидер во увоз и продажба на алкохолни производи во Македонија. На вработените им нуди пријатна работна атмосфера и одлични услови за работа, редовна исплата на платата и другите надоместоци, како и можност за напредување во кариерата.
Доколку сте инспирирани и мотивирани да се приклучите на нашиот тим, можете да ни пратите кратка биографија (CV) на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 11.08.2022