Account Content Manager и Graphic Designer

За компанијата: КликниЈади е компанија која врши достава на храна од многу ресторани во Скопје до вашиот Дом или Канцеларија. Сервисот Кликни Јади е основан на почетокот на 2015 год. и до денес има на располагање вкусни... повеќе за компанијата »

КликниЈади, најголемата платформа за достава на храна во Македонија има отворени две работни позиции и тоа: Account/Content Manager и Graphic Designer. Ако имаш креативност за пишување и сакаш комуникација со клиенти, или си талентиран графички дизајнер, со добри идеи и уште подобра реализација - тебе те бараме! Биди ти дел од брзо-растечкиот тим на КликниЈади!

Опис на работни задачи

Account/Content Manager

  • Градење на добри партнерски односи со клиенти и секојдневна комуникација и координација;
  • Подготовка на планови, реализација на маркетинг стратегиии и следење на кампањите;
  • Развој на нови материјали за кампања, како креирање содржини;
  • Пишување, уредување и објава на квалитетна содржина за социјални мрежи;

Квалификации

  • Минимум 1-2 години работно искуство со дигитален маркетинг;
  • Завршено образование од областа на маркетинг;
  • Креативност и одлични copywriting вештини;
  • Познавање на социјални мрежи (Facebook, Instagram, Twitter, Tik Tok;)
  • Задолжително познавање на Facebook/Instagram Аdvertising ;
  • Познавање на Google Advertising е препорачливо, но не задолжително;
  • Познавање на Microsoft Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint).

 

Опис на работни задачи

Graphic designer

  • Изработка на дизајн на визуелни решенија за маркетинг кампањи и продажни промоции
  • Подготвување на дизајни и маркетинг матерјали за печат

Квалификации

  • Одлично познавање на Adobe алатките
  • Минимум 3 години работно искуство на позиција Графички дизајнер
  • Креативност и иницијативност за самостојно истражување
  • Познавање на англиски јазик

Што значи да се биде дел од тимот на КликниЈади?

Работата во КликниЈади е исполнета преку пријателска, динамична и тимски организирана средина, со можности за персонално и професионално унапредување.

Заинтересираните кандидати можат да ги достават апликациите во форма на CV и Порфолио за Графички дизајнер на следната email адреса [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »