Установата од областа на културата КСП ЦЕНТАР- ЈАДРО распишува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за вработувања на двајца извршители на следниве работни места:
-Програмски координатор-едно (1) лице, на неопределено време со полно работно време;
-Административен координатор-едно (1) лице, на неопределено време со полно работно време;
Работните задачи на Програмски координатор вклучуваат:
- координација на настаните и програмските содржини, во координација со директорот на установата;
- организирање и логистичка поддршка на социо-културни настани и програмски содржини;
- комуникација и координација помеѓу корисниците на просторот (потенцијални и актуелни), тимот и Програмскиот совет на Установата;
- континуиран ангажман во дефинирањето и усовршувањето на правилата за користење на просторот;
- развивање проекти и нивна имплементација;
- изработка на извештаи и документација за настаните и програмските содржини
- ангажман во активности за анимација, едукација и развивање на публика, јавни настапи и медиумско претставување на Установата;
- извршува и други задачи од делокругот на работа на установата.
Работните задачи на Административен координатор вклучуваат:
- администирање на архивата и информацискиот систем;
- подготовка и следење на договори, документи за вршење исплати и други документи потребни за секојдневното финансиско и административно работење на установата;
- изработка на извештаи и документација за финансиското работење;
- дава поддршка на директорот во изработка на правилници и политики за админитративното и финансиското работење на установата;
- организирање и логистичка поддршка на социо-културни настани и програмски содржини;
- асистирање во координацијата на настаните и програмските содржини;
- развивање проекти и нивна имплементација;
- комуникација со и помош во координација на корисниците на просторот (потенцијални и актуелни);
- управување и водење грижа за канцелариските материјали, опрема и простор;
- набавување на опрема и потрошливи материјали кога е потребно;
- извршува и други задачи од делокругот на работа на установата.
За работните места програмски координатор и административен координатор на Установата може да бидат избрани лица кое ги исполнуваат следните услови:
- високо стручно образование од општествени или хуманистички науки;
- три години работно искуство во дејноста на независната култура;
- стручни, работни и организациски способности.
Покрај општите услови кандидатите за горенаведените работни места треба да ги достават и следниве документи:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен високо образование високо стручно образование од општествени или хуманистички науки;
- Доказ за минимум три години работен стаж или три години работно искуство во дејноста на независна култура или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело;
- Биографија / CV, со две реферeнци;
- Мотивациско писмо на македонски јазик.
Потребни знаења и вештини:
- Искуство со работа во областа на културата
- Одлични комуникациски вештини;
- Високо ниво на говорен и пишан англиски јазик;
- Способност за непречена комуникација со организации и донатори
- Искуство во работа на проектни, финасиски и административни позиции;
- Искуство во подготовка на наративни и финансиски извештаи;
- Одлично познавање на Microsoft Office алатките;
- Познавање на административно/техничките процедури;
- Членување во Асоцијацијата на независна културна сцена Јадро ќе се смета за предност.
Рок и начин на пријавување:
Сите заинтересирани кандидати и кандидатки треба да ги достават потребните документи најдоцна до 17,00 часот, во рамки на последниот ден од одредениот рок назначен со огласот, на електронската адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со наслов/назнака:
- за избор на програмски координатор на КСП Центар-Јадро (кандидатите кои се пријавуваат за работното место програмски координатор);
- за избор на административен координатор на КСП Центар-Јадро (кандидатите кои се пријавуваат за работното место административен координатор).
Огласот трае до 06.08.2019, до 17:00 ч.
Начин на селекција: Кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани во прв круг, ќе бидат поканети на интервју. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се разгледуваат. За резултатите од огласот кандидатите ќе бидат известени по писмен пат.
Само кандидатите и кандидатките кои ќе бидат селектирани за интервју ќе бидат контактирани. КСП Центар-Јадро го задржува правото да го пролонгира конкурсот доколку смета дека истото е потребно.
За Културно-социјален простор „Центар-Јадро“:
Во септември 2017 година, после три години интензивна работа се регистрираше првата хибридна институција на цивилно-јавно партнерство во земјава меѓу ЈАДРО Асоцијација на независната културна сцена и Општина Центар од Скопје, наречена Културно-социјален простор „Центар-Јадро“. Овој модел, кој е втемелен на партнерството помеѓу локалната самоуправа и националната мрежа на независниот културен сектор, составена од граѓански организации, поединци и неформални групи, обезбедува суштинска децентрализација на моќта и е единствениот пат кон создавање на организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата во рамки на граѓанскиот секотор но и пошироко.
Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“ е простор каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социо-културни практики, простор кој ќе создава автономни, само-организирани содржини, содржини кои ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.
Новиoт модел на институцијата е од значење за културниот развој, но и за образованието, развојот на критичката култура и новите облици на создавање социо-културни заедници.
Дејноста на Установата е давање институционална и финансиска поддршка на социо-културни проекти, поддршка на современата уметност и современите социо-културни практики, на демократизацијата и активното учество во социо-културната заедница, на обезбедувањето културна програма на територијата на Општината, организирање културни манифестации и поттикнување разновидни специфични форми на творештво од јавен интерес од локално значење.