Комерцијалист за продажба

За компанијата: САМЕРИМПЕКС ИМПУЛСИ е основана 1992 година. Специјализирана е за обезбедување интегрирани решенија за човековиот капитал во фирмите, како и за поддршка на нивниот организациски развој. Наша примарна... повеќе за компанијата »

Компанија за Посредување при Вработување, Менаџмент и Конслатинг за Управување на Човечки Ресурси Самеримпекс – Импулси (www.impulsi.com.mk) за свој долгогодишен клиент има потреба од кандидат за следната работна позиција:

 

НАЗИВ НА РАБОТНОТО МЕСТО: Комерцијалист за продажба со целосно работно време                                                                      

 

ГЛАВНА ЦЕЛ НА РАБОТНОТО МЕСТО

 

Зголемување на продажбата и профитот и градење (одржување) имиџ на префериран добавувач преку посети на клиенти на определената територија во Република Македонија или во странство, по однапред предложен и одобрен план; преку продажба на производите користејќи софтверска алатка; преку амбулантна продажба; преку промоција и контрола на цени согласно маркетинг стратегијата и планот; преку изготвување неделни и месечни извештаи за работењето.

 

Критериуми

 

-    Диплома од завршено образование.

 

-    Поседување на возачка дозвола Б категорија.

 

-    Познавање англиски јазик е предност.

 

-    Познавање MS Office, со одлично познавање на excel и power point

 

-    Обуки за работа со клучни клиенти и/или ланци на маркети е предност.

 

-    Потребно е минимум години искуство во продажба, 2 години искуство на раководна позиција и 2 години искуство на соработка со ланци на маркети.

 

Вештини:

Силни аналитички и нумерички вештини да подготвува буџети и да ги разбере бројките од продажбата

Способност за работа под притисок во динамична средина и брзо да идентификува проблеми и да препорача решенија

Солидни вештини за носење одлуки и способноста за планирање и давање приоритети

Одлични комуникациски и преговарачки вештини

Способност да работи како дел од тимот и да гради и одржува ефективни работни односи со голем број на луѓе

Силна способност за комерцијални проценки и способност да разбере што ќе им се допадне на (ќе ги привлече) потрошувачите

Способност за наметнување на пазарните трендови кај клиентите

Компјутерска писменост

Креативен талент

Организациски вештини

Самодоверба

Сите заинтересирани да се пријават со поднесување CV и мотивациско писмо на следната електронска адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Комерцијалист за Продажба, најдоцна до 05 октомври 2018 год.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »