Сениор ПР Менаџер

За компанијата: Агенција Рејтинг е основана во 2007 година од г-дин Ѓорги Спасов, доктор за истражување на јавното мислење и го спроведе првото истражување на јавното мислење во Македонија, додека беше вработен на Институтот... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • Агенција Рејтинг
  • Активен до 24.07.2021
  • Позиција: Менаџер/управник/директор
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот како слика)

Агенција Рејтинг вработува

Сениор ПР Менаџер!

Агенција Рејтинг има потреба од Сениор ПР менаџер со најмалку 5 години искуство во областа чија одговорност ќе биде создавање и одржување на позитивен јавен имиџ на клиентите на Агенцијата и нивна максимална застапеност во медиумите. Тоа подразбира осмислување на сите ПР стратегии и активности за клиентите, како и нивно спроведување од почеток до крај.

 

Потребно е кандидатот да има познавање и интерес за општествено-социјалните и политички случувања во земјата и светот, а пожелно е и искуство во работа со институции, меѓународни организации, невладин сектор. Неопходни се одлични способности за пишување, истражување и организирање. Кандидатот би бил во постојана комуникација со клиентите и сите вклучени во проектите, за што се потребни и одлични комуникациски вештини.

Одговорности:

  • Развивање на комуникациски стратегии
  • Развивање на комуникациски планови и координирање на сите ПР активности;
  • Пишување материјали за различни комуникациски канали и обезбедување на пласмани во традиционални и онлајн медиуми (соопштенија, интервјуа, клучни пораки, прашања и одговори, ПР текстови, говори, концепти за ТВ гостувања, сценарија и сл.);
  • Одговарање на новинарски прашања, организирање настапи и прес конференции;
  • Постојано следење на медиумите и општествено-социјалните и политички случувања;
  • Справување се негативен публицитет и итно реагирање во кризни ситуации;
  • Секојдневна координација и комуникација со нашите клиенти;
  • Комуникација со медиуми во име на клиентите;
  • Организирање и спроведување на настани, кампањи и поврзани активности;
  • Создавање на содржина за социјалните медиуми и развивање на стратегии за промоција на истата;
  • Целосно водење на ПР проекти и кампањи;
  • Брифирање на интерни или екстерни тимови за фото, видео продукција и дизајн;
  • Навремено реализирање на сите задачи во дадените рокови;

Кандидатот треба:

  • Да има завршено високо образование во областа на односи со јавноста, комуникациски науки или друго релеватно поле;
  • Да има најмалку 5 години работно искуство како ПР менаџер или да работел на слична позиција;
  • Претходно искуство во маркетинг или ПР агенција ќе се смета за предност;
  • Да има добро познавање и будно да ги следи трендовите во политичката, социјалната и економската сфера;
  • Да има искуство во спроведување на општествени, корпоративни, но и комерцијални кампањи;
  • Да има познавање од целосна комуникациска индустрија, вклучително маркетинг, адвертајзинг, дигитална комуникација и сл.
  • Да поседува одлични вештини за комуникација и пишување;
  • Да има познавање од генералната медиумска слика во земјата, како и клучни претставници на медиумите;
  • Да биде проактивна и организирана личност, способна да работи на повеќе проекти истовремено и да исполнува рокови;
  • Да биде вешт со компјутери; задолжително познавање на Microsoft Office пакет;
  • Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
  • Одлично да го познава англискиот јазик;
  • Да има око за детали и аналитика;

Што нудиме:

Позицијата овозможува:

  • Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
  • Супер искусен тим;
  • Можност за доквалификации и посета на обуки и семинари;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Флексибилно работно време;
  • Можност да се соработува со истакнати клиенти и експерти од областа; можност за проширување на знаењето

За Агенција Рејтинг

Агенцијата Рејтинг е  основана во 2007 г. со главна специјалност за односи со јавност и стратешки и корпоративни комуникации, кампањи за подигнување на јавната свест, како и истражување на јавното мислење и истражување на пазарот.

Сите заинтересирани кандидати можат да ги достават документите по електронски пат на е-mail: [email protected]