МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

  • Објавен пред 3 недели
  • Европа Лек Фарма ДООЕЛ
  • Активен до 06.12.2019
  • Позиција: Доктор и медицински персонал
  • Локација: Цела Македонија

Активни огласи од Европа Лек Фарма ДООЕЛ:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК - РЕФЕРЕНТ ЗА РЕГУЛАТОРНИ РАБОТИ

(преземи го огласот како PDF)

Европа Лек Фарма е регионален лидер во Југоисточна Европа кој нуди услуги за странски партнери, како што се маркетинг, регистрација, консигнација, логистичка поддршка на клинички испитувања и дистрибуција. Како дел од германската групација PHOENIX, која е водечка веледрогерија во 27 земји ширум Европа, секојдневно придонесуваме за подобра и побезбедна здравствена услуга, опфаќајќи го целиот синџир на набавка во фармацевтската индустрија, од производителите на фармацевтски производи, сѐ до аптеките, докторите, болниците и пациентите.

За повеќе информации посетете ја групациската интернет страница www.phoenixgroup.eu и www.phoenix-all-in-one.eu  

 

 

Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим, на работно место

 

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

 

Кој ќе има клучна улога во соработката со здравствените професионалци,  застапувајќи го портфолиото на реномиран производител

 

Потребни квалификации:

-       ВСС: доктор по медицина, доктор по стоматологија или дипломиран фармацевт/магистер по фармација;

-       Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност;

 

Опис на работата:

-       Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител;

-       Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти;

-       Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија;

-       Редовни извештаи;

-       Учество и организирање на стручни собири;

-       Следење и анализа на фармацевтскиот пазар;

 
Потребни вештини и способности:

-       Познавање на MS Office;

-       Возачка дозвола Б категорија;

-       Одлични комуникациски и презентациски способности;

-       Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

 
Ние нудиме работа во амбициозен и професионален тим, каде ќе имате можност да ги унапредите вашите продажни вештини во динамична работна средина, и да бидете дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето. 
 
Работниот однос за оваа позиција првично ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.  Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.

 

Доколку се пронајдовте во горенаведениот опис, пратета ја вашата пријава на e-mail: personal@elpharma.com.mk

 

Рок на пријавување 14 дена од датумот на објавување на огласот.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

 

 

 

КЛИКНИ