Техничар во производство- екстракција

За компанијата: Компанија од фармацевтска индустрија која се занимава со одгледување и екстракција на канабис за медицинска употреба лоцирана во Скопје. повеќе за компанијата »

НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, е Компанија од фармацевтската индустријa, дел од  групацијата PHCANN INTERNATIONAL, лоцирана во Индустриската зона Ќојлија- Петровец, која располага со најсовремен производствен простор за indoor култивација на канабис и работи по највисоките европски стандарди за производство на производи од канабис за медицинска примена.

Во насока на проширување на нашиот Тим во Екстракција, вработуваме

ТЕХНИЧАР ВО ПРОИЗВОСТВО-ЕКСТРАКЦИЈА

Потребни квалификации:

  • ССС - Фармацевтски техничар, хемиски техничар, лабораториски техничар
  • Претходно работно искуство ќе се смета за предност
  • Активно познавање на Microsoft Office апликации
  • Познавање на англиски јазик

Работни задачи:

  • Учествува во процес на производство согласно налогот за производство
  • Подготовка на материјали за производен процес
  • Ракува со  соодветна опрема
  • Ги евидентира своите активности во  производна документација
  • Работи во согласност со правила за безбедност на работа
  • Работи согласно правила на добра производна пракса, стандардни оперативни постапки  и протокол за производство

Лични карактеристики и вештини кои ги цениме

  • Одговорност,
  • Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури,
  • Способност за почитување на рокови
  • Способност за тимска работа,

Работното време е 40 часа неделно, од 08.30 до 16.30 часот,

Обезбеден превоз до и од работното место

Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија. Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот. Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и  повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »