Контролор на залихи

За компанијата: ВДЛ ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: КОНТРОЛОР НА ЗАЛИХИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Планирање на потребата од материјали
  • Правење на нарачки на материјали
  • Праќање распоред и план за испораки до добавувачите
  • Одржување на база на податоци
  • Одржување на податоците за работни станици
  • Конфигурирање на податоците за материјали
  • Анализа на залихите
  • Внесување и следење на жалбите кои доаѓаат заради различни количини и несоодветен квалитет
  • Контакт со добавувачите во однос на количините и датумите

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Универзитетска диплома од технички факултет – предност ќе имаат кандидати од Машински факултет и Електро факултет
  • Претходно работно искуство во логистика ќе се смета за предност
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Посветен на работата и насочен кон реализирање на поставените цели
  • Способен за превземање иницијатива во работењето
  • Напредно познавање на Microsoft Office
  • Течен говорен и пишан Англиски и Македонски јазик

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентни месечни примања
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »