- Објавен на 9.2018
- Премиум Деливери
- Активен до 11.10.2018
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
(преземи го огласот како слика)
ПРЕМИУМ ДЕЛИВЕРИ ДОО Скопје, друштво за поштенски услуги е во потрага по личност за позицијата:
ОПЕРАТИВЕН МЕНАЏЕР
ГЛАВНИ ЗАДОЛЖЕНИЈА:
- Учество во развој, имплементација и менаџмент на компаниската стратегија
- Идентификација и решавање на оперативни проблеми со користење на дефинирани процеси
- Управување со деловните процеси во компанијата; изготвување на планови за подобрување на ефикасноста на интерните процеси како би се гарантирала ефикасна комуникација, максимална продуктивност и ефикасно работење
- Подготовка на Правилници и процедури на оперативни активности
- Раководење со тим и грижа за развој на знаењата и на потенцијалот на членовите на тимот
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- Високо образование
- Напредно познавање на ИКТ
- Најмалку 2 години работно искуство на слична позиција
- Одлични аналитички и организациски вештини
- Добри аналитички способности и способности за комуникација,
- Способност за решавање на проблеми
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
Oперативниот менаџер за својата работа одговара директно на Генералниот директор.
МОЖЕТЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ:
• Динамично и стимулативно работно опкружување
• Можност за константно усовршување и развој
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: За Оперативен менаџер (шифра PD003) во насловот на пораката.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на податоци за идни вработувања.
Премиум Деливери ДОО ќе изврши избор на кандидат, најдоцна за 2 месеци од завршувањето на рокот за пријавување на овој оглас.