Инженер за пресметување на јачина

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран белгиски производител на автобуси и комерцијални возила, со годишен капацитет на произвoдство од околу 1,400 автобуси и 3,000 комерцијални возила. Van Hool од Белгија е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool Белгија има репутација за дизајн и производство на високо квалитетни и современи производи.

Продолжуваме со процесот на селекција на вработени за потребите на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона–Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Во одделот за истражување, равој и тестирање на електрични компоненти и системи на автобуси, компанијата има потреба од софтвер-инженер.

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА:

ИНЖЕНЕР ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ЈАЧИНА

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Пресметување равенки за јачина со цел да се определи оптовареноста на дел, подсклоп или на цело возило
  • Правење пресметки на конечни елементи во доменот на еластичност, пластичност и замор на материјалот: meshes, constraints, load cases, анализа на сигурноста на пресметката, анализа на резултатите
  • Рачни пресметки на јачина како проверка на резултатите (нивниот ред по големина)
  • Изработување практични предлози и решенија во соработка со нашите конструктори
  • Известување и презентирање на предлози и решенија
  • Работа со проекти
  • Навремени известувања на главниот инженер

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Диплома од постдипломски студии од областа на машинско инженерство со голем афинитет кон механика (на возила) и теорија на јачина
  • Задолжително 3-5 годишно искуство со FEA пресметка на механички конструкции, подготвеност за учење на нашата специфична методологија за пресметување
  • Поседува (академско) основно знаење на пресметки на конечни елементи и е способен да ги проверува овие пресметки со рачно пресметување
  • Прецизно и внимателно работење
  • Комуникативен и тимски играч
  • Способен да комуницира на англиски (пишување, зборување, разбирање), познавање на холандски јазик ќе се смета за предност

ШТО НУДИМЕ:

  • Разновидна средина на развој во која се претставени најразните инженерски дисциплини
  • Допир со напредна автомобилска технолигоја којашто е управувана од брзото еволуирање на пазарот и сопствениот развој
  • проекти поврзани со јавен транспорт, e-mobility...
  • разновидна работа и предизвикувачки проекти
  • можности за обука и раст во рамките на организацијата
  • да бидете дел од динамичен тим каде што се ценат индивидуалните иницијативи
  • работа во реномирана меѓународна компанија
  • работно време од понеделник до петок од 08:00 – 16:00 часот, 40 часови неделно
  • организиран оброк и превоз

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.mk , во делот “отворени работни места”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

Краен рок за доставување на апликациите: 06.11.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »