Продавач/ка

ОПИС

Гала Нутс 2015 дооел, за своите продажни места (пиљари) под брендот Мисс Гала, има потреба од продажен персонал. Пиљарите се лоцирани во населба Ново Лисиче, населба Маџари и општина Илинден.

Одговорности и задачи: 

  • Прием и редење на роба, работа на каса
  • Грижа за хигиена и изгледот на продажното место
  •  Познавање и постојано следење на асортиманот и карактеристиките на производите

Од кандидатите очекуваме:

  • претходно работно искуство во продажба ќе се смета за предност
  • флексибилност за работа
  • способност за индивидуална и тимска работа
  • одговорност, мотивираност и стабилност

Што добивате:

  • редовни и навремени месечни примања/плата
  • додатоци и бонуси за успешно работење
  • почетна плата од 18.000 денари

Број на отворени работни позиции :

  • населба Маџари (автобуска станица Термо) - 1
  • населба Илинден (карши Зегин) -  2
  • населба Ново Лисиче (позади Макпетрол бензиска) - 1

Пријавувањето се врши исклучиво со испраќање на кратка биографија (CV) со скорешна фотографија најдоцна до 01.05.2021 год на следниот маил:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со нагласување на местото за кое се пријавувате (Н.Лисиче/Илинден/Маџари) за работната позиција.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »