Инженер за радиолошка медицинска опрема

За компанијата: Би-МЕК ДОО, медицинска компанија за здравствени техологии е ексклузивен дистрибутер за многу светски познати и реномирани производители на медицинска опрема. Ние сме специјализирани за продажба, дистрибуција,... повеќе за компанијата »

Би-МЕК е ексклузивен дистрибутер на повеќе од 25 светски познати и реномирани производители на медицинска опрема со традиција од 19  години и повеќе од 1.600  инсталирани апарати во Македонија.
Би-МЕК континуирано вложува во развој на високо технички опремен сервисен оддел и во директна соработка со реномираните производители на медицинска опрема обезбедува интернационална обука и сертификати за својот тим.
Kако резултат на зголемени активности, имаме потреба од проширување на нашиот тим во сервисниот оддел.  Во потрага сме по високо мотивирани личности спремни за тимско работење! Веруваме дека дека луѓето се нашата најголема вредност, а континуирано регрутирање, ангажирање, развивање и мотивирање на  вработени е стратешка  определба на компанијата. Станете и Вие дел од тимот на Би-МЕК !

ИНЖЕНЕР ЗА РАДИОЛОШКА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ОД ПРОГРАМАТА
НА БРЕНДОТ
PHILIPS    2 позиции
 

Потребни квалификации:

  • ВСС: инженер од техничките науки  (Машински / Електроинженер)    
  • Работно искуство во инсталирање, одржување и сервисирање на апарати во иста или слична област ќе се смета за предност

Обврски и одговорности

  • Инсталација, монтажа и техничка обука за нова медицинска опрема според упатствата на прозводителите
  • Редовна коресподенција со добавувачи и клиенти за опремата
  • Менаџирање  на пропратна документација за комплетна следливост на инсталираната или сервисираната опрема
  • Технички прием на роба при сервис, комплетна евиденција, сервисирање на апаратите инсталирани од страна на компанијата
  • Навремено решавање на сервисни барања на клиентите во соработка со сервисниот тим
  • Следење на иновации во рамките на проблематиката поврзана со сервисирањето
  • Следење на обуки и вебинари од производителите на опремата
  • Да ги следи воспоставените стандардни оперативни процедури и добри практики во компанијата

Потребни вештини и способности:

  • Одлични комуникациски способности
  • Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
  • Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини
  • Флексибилност и способност за тимско работење
  • Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови
  • Активно познавање на англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Способност за работа на терен

    Ние нудиме:

    Нашата работна атмосфера е стимулирачка, иновативна и фокусирана на клиентите. Ние им нудиме на вработените најсовремени алатки и технологии, континуирана обука и можност за напредување, работа во амбициозен и професионален тим  со мoжност за посетување на обуки и стекнување на сертификати.

    Ве поттикнуваме да ја започнете или продолжите својата кариера во динамичен и високопрофесионален тим со нови знаења за напредни медицински технологии и Ве повикуваме да ја испратите својата биографија и препораки  на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака ИНЖЕНЕР ЗА РАДИОЛОШКА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА

    Огласот трае 14 дена од денот на неговото објавување.  Во процесот на избор на кандидат за работното место ќе бидат исконтактирани единствено лицата кои ги исполнуваат условите од овој оглас.
    Сите пристигнати пријави ќе се сметаат за строго доверливи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »