Стручен соработник

За здравјето вреди

Секој ден,нашата сила и најсилни напори ги посветуваме на здравјето.Секој чекор во Нобел,создава вредност во здравството.  

Нобел Илач е основана во 1964 година. Денес, Нобел работи со вкупно пет производствени објекти и спроведува промотивни и продажни активности преку свои претставништва во повеќе од 20 земји низ светот.

Имајќи кадар од околу 3000 вработени кои се експерти во нивните области, Нобел извезува свои производи во 50 земји.

Нашата мисија “Да се ​​подобри квалитетот на човечкиот живот” со тоа што работиме со мотото „Сè вреди за здравјето“, и нашата визија “Да се ​​обезбеди пристап до сигурни, висококвалитетни производи за човековото здравје ширум светот“, се двигателот кој го одредува и пристапот кон нашите човечки ресурси.  Ние ја цениме личната сатисфакција го вреднуваме и подржуваме задоволството на вработените, го вреднуваме нивниот труд и допринос и вложуваме во нивниот развој и доусовршување.

“Достојни за Вас”, на вработените во Нобел им нудиме работна атмосфера каде владее чувство за припадност и желба за работа, истовремено овозможуваме едукативна и кариера на која нашите вработени се гордееат.

Придружете се на нашиот динамичен тим.Посветени сме на нашата цел да го подобриме квалитетот на животот на луѓето, со ефективни и висококвалитетни производи произведени според меѓународните стандарди.

Како што го прошируваме нашиот досег и влијание, бараме талентиран Продукт Менаџер кој ќе ги предводи нашите промотивни напори и ќе го придвижи нашиот бренд напред.

ШТО БАРАМЕ: Стручен Соработник

Клучни одговорности:

  • Промоција на производи, користејќи позитивен став и цврсти аргументи на потенцијалните клиенти
  • Вршење анализи на трошоци и придобивки на постоечки и потенцијални клиенти, и комуницирање на анлаизите преку извештаи.
  • Одржување позитивни деловни односи со цел зголемување на постоечкат и идната продажба.
  • Постојано/ дневно  ажурирање на извештаите преку ЦРМ системот
  • Презентира, промовира и склучува нарачки на производи  користејќи ги компаниските планови и цели и алатки на постојните и потенцијалните клиенти.
  • Подготвува анализа на трошоците и придобивките и потребите на постоечките и потенцијалните клиенти за задоволување на нивните потреби.
  • Воспоставува, развива и одржува позитивни деловни и односи со клиентите.

Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат следните услови

  • Дипломиран фармацевт,  дипломиран доктор, дипломиран стоматолог.
  • Работно искуство во областа на фармацевтската индустрија со најмалку 2 годишно искуство.
  • Искуство во развивањето и спроведување на ефективни маркетинг кампањи кои носат мерливи резултати.
  • Oдлично познавање на MS Office пакет програми и апликации.
  • Одлично познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација), турски ќе се смета за предност.

Од кандидатите се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични квалитети:

  • Длабоко разбирање на фармацевтската индустрија, вклучувајќи ги регулаторните барања, динамиката на пазарот и трендовите во здравството.
  • Силни аналитички вештини со способност за интерпретација на пазарни податоци, финансиски метрики и здравствена економија за информирање за донесување одлуки.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини, со способност за ефективно ангажирање на сите нивоа.
  • Способнот за добро управување со времето и поставување на приоритети.
  • Работа со дадени рокови.

ШТО НУДИМЕ:

  • Конкурентна плата пропорционална на искуство.
  • Можност за кариерен развој.
  • Едукации за стручен и личен развој.
  • Поддршка и инклузивна работна средина која ја цени различноста и тимската работа.
  • Работен однос: полно работно време во траење од 40 (четириесет) часа неделно.
  • Работно време: од 08.30 до 16.30h, од понеделник до петок.           

Придружете ни се во обликувањето на иднината на Нобел Илач, придружете ни се  во остварување на нашата цел да го подобриме квалитетот на животот на луѓето правејќи значајно влијание во индустријата!

Нобел Илач е работодавач со еднакви можности и е посветен на различноста на работното место. Ги охрабруваме сите квалификувани поединци да достават биографија на македонски јазик и англиски јазик со назнака Стручен Соработник  [најави се за да го видиш е-маилот]  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »