Обука за подготовка на предлог проекти за грантови - средно ниво

(преземи го огласот како слика)

Научете како се развива една идеја до реализација или доколку веќе имате некоја идеја за проект, креативно решение за некој општествен предизвик ЦЕКОС ќе ви пружи стручна помош да ја/го реализирате преку организирање на меѓународен проект и ќе ви обезбедиме ментор за да ви помогне да ја поднесете проектната апликација за грант.

Оваа обука е наменета за секој што сака да научи како се пишуваат проектни апликации за неповратен грант од програмите на Американска Амбасада и Европската Унија како Еразмус+, HORIZON 2020, IPA II, Creative Europe, Вишеградски фонд…

Обуката е поделена на 3 нивоа и апликантите можат да изберат за кое ниво ќе се пријават согласно нивните потреби:
- ОСНОВНО НИВО
-СРЕДНО НИВО
-НАПРЕДНО НИВО

Обуката за СРЕДНО НИВО е распределена во 6 работни денови по 4 часа, со што вкупниот број на часови изнесува 24.

СРЕДНО НИВО опфаќа практична работа на апликации за средни грантови од 10 000 до 200 000 евра, информација за отворени повици за проекти, како да најдете партнери за проектот, изработка на детален буџет на проект, подготовка на документација за аплицирање и пополнување на формулари на лице место за време на обуката.


Со учество на оваа обука добивате:
– можност за развој на ваша идеја до реализација
– насоки за начинот на пополнување на апликацијата
– совети за избегнување на честите грешки кои се прават при пополнување
– вмрежување со локални и странски партнери
– практична индивидуална и тимска работа со надзор
– совети за изработка на солидна проектна апликација
– менторска поддршка за подготовка на проектната апликација

Обучувач: Сања Стојчева, со 14 години искуство како менаџер на ЕУ прокети и 8 години искуство во пишување ЕУ проекти.

Јазик на кој ќе се одвива обуката: македонски, но пожелно е најмалку средно ниво на познавање англиски јазик бидејќи се работи за апликации на англиски.

Погодно за: студентски организации, младински организации, граѓански организации, претприемачи, стартапи, бизнис сектор, образовни институции.

Котизација: 
Средно ниво: 24 часа, 6 дена, 3600 денари
Попуст за групи: За 2 лица и повеќе од иста организација/институција 20% попуст. (2880ден по лице)

Апликација на следниот линк: https://goo.gl/forms/jjO9GjJYob8sgJ7C3

Доколку имате прашања можете да не контактирате на следната е-мејл адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] или на телефонскиот број: 078 345 700 - Сања Стојчева.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »