Комерцијалист за големопродажба

За компанијата: Термо Систем дооел од Скопје, работи со продажба на опрема за греење, соларни системи, водовод и климатизација. повеќе за компанијата »

ТЕРМО СИСТЕМ Дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е  трговија, увоз, инженеринг и изведбата на инсталации во областа на греење, климатизација соларни системи и водовод.

Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси.

КОМЕРЦИЈАЛИСТ ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА

Потребни квалификации:

  • Минимум ССС
  • Задолжително добро познавање на англиски јазик,
  • Одлично познавање на MS Windows и MS Office,
  • Положен возачки испит (Б категорија) и активно возење.

Работни обврски:

  • Директна комуникација со клиенти:
  • Продажба и нудење на потфорлиото на компанијата
  • Испраќање на понуда на клиенти
  • Преговори за цена
  • Праќање на про – фактура
  • Регистрација на нови коминтенти
  • Потпишување на Договор
  • Анализа на продадени артикли
  • Организирање достава на роба
  • Следење на ИОС спецификација (финансиска картица)
  • Комуникација со клиентите за наплата
  • Координација со магацин за спремање на робата
  • Супервизија на тип на производи во магацин
  • Комуникација со одделот набавки за залиха на производите

Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »