
За компанијата: Основана во 2010 година, Д.Мед Медикал е првата приватна специјална болница во Македонија по Нефрологија со дијализа. Како дел од германската групација D.med Healthcare, дадовме значителен придонес во македонскиот здравствен систем, особено за пациентите на кои им е потребна хронична дијализа.
повеќе за компанијата »ПЗУ Специјална болница по нефрологија со дијализа ДИАМЕД Скопје за потребите на работниот процес објавува оглас за работнo место: Медицинска сестра/Медицински техничар
Потребни квалификации:
- ССС Медицинско училиште
- Положен државен испит за медицинска сестра/техничар
- Работно искуство со дијализни пациенти
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
Потребни карактеристики и вештини:
- Способност за брзо учење
- Развиени комуникациски вештини
- Организираност, самоиницијативност и стручност
Што нудиме:
- Можност за професионален развој и надоградба
- Работа во компанија која е дел од странска групација
- Солидни и редовни месечни примања согласно законската и подзаконската регулатива во РМ
Доколку сметате дека ги исполнувате погоренаведените услови, Ве охрабруваме да ни ја испратите Вашата биографија, со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате, најдоцна до 28.03.2025 година на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
Доколку не бидете одбрани за оваа позиција, Вашите биографии ги чуваме во следните 6 месеци во нашата датабаза со можност за повикување на идни соодветни огласи.
Доколку не сакате Вашата биографија да биде сочувана, наведете ја таквата информација во Вашата електронска порака.
Слични огласи »