Правник

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Нептун го зајакнува и проширува правниот сектор и во потрага сме по професионална,  комуникативна, добро организирана, само-мотивирана и доверлива личност, која ќе биде одговорна да обезбеди правна поддршка, развивање политики и давање стручно мислење со цел заштита на компанијата од евентуални правни ризици. 

Основни одговорности:

  • Се грижи  за навремено изготвување на поединечните општи  правни акти на Друштвото;
  • Дава упаства за работа на вработените во другите оддели и им помага во работата при сложените правни работи;
  • Врши преписка од својот домен на работа со деловни партнери, служби, институции и установи
  • По напатствија, води записници и оформува акти донесени од страна на менаџментот
  • Дава правни мислења при составување на договори и учествува во изготвување на подинечни општи акти, како што се: Статут и др.;
  • Обезбедува навремено потпишување на договори каде Друштвото се јавува како закупец или закуподавач;
  • Го застапува Друштвото пред надлежните судски и други органи по предходно овластување на генералниот директор;
  • Комуницира и проследува документација до ангажираните адвокатски канцеларии од страна на Друштвото; 
  • Ги следи промените во судските предмети, изработува месечен извештај за дејствијата по судските предмети во кои странка е Друштвото, а каде Друштвото го застапува адвокатска канцеларија;
  • Дава известувања до адвокатската канцеларија за изготвување тужби и други поднесоци заради остварување и заштита на имотот и др.права на Друштвото, како и водење на жалбена и извршна постапка со цел за применување на правосилни одлуки;
  • Прибира докази за составување на одбрана или иницирање на правни дејства на Друштвото во однос на трети лица;
  • Изработува комерцијални правни документи (договори, анекси, решенија, одлуки, опомени итн.);
  • Комуницира и подготвува документација поврзана со други правни субјекти и институции, како што се нотари, Централен регистар, органи на општината, министерства, осигурителни компании и сл.;
  • Комуникација со сите инспекции

Потребни квалификации:

  • Правен факултет; положен правосуден испит ќе се смета за предност
  • 3-5 години работно искуство во областа
  • Добро познавање на англискиот јазик (говорен и писмен) и MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Темелно знаење и разбирање на релевантните законски прописи, политики и процедури
  • Високо развиено ниво на работна етика, одговорност и организираност
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
  • Добри организациски способности, педантност и деталност
  • Тимска ориентација и желба за учење и развивање

Нашата компанија нуди:

  • Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
  • Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
  • Атрактивна плата и пакет на бенефиции
  • Можност за континуиран развој и професионална надоградба
  • Работно време: понеделник-петок; 7:30/08:30 – 15:30/16:30часот (флексибилно)

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле. Рокот за аплицирање е 30.06.2024.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »