За компанијата: Day Care е решение за сета помош која е потребна за грижа на семејството и одржување на домот.
Day Care нуди врвен квалитет во обезбедување на услуги за:
- грижа за деца - дадилки и бебиситерки,
-...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Дејноста на компанијата Day Care е давање на професионални услуги за грижа и нега на деца, грижа и нега на возрасни лица и одржување на домаќинства ( перење, пеглање, готвење и чистење) за потребите на клиентите, односно семејствата во град Скопје. Компанијата има потреба од следните работни места :
- НЕГУВАТЕЛНИ НА ДЕЦА- ДАДИЛКИ И БЕБИСИТЕРКИ,
- НЕГУВАТЕЛКИ НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА,
- ДОМАШНИ ПОМОШНИЦИ.
Потребни услови :
- Претходно работно искуство во доменот на позицијата за која се аплицира,
- Достапни препораки од претходниот/те работодавач/и , односно семејство/а.
Лични карактеристики, вештини и способности :
- Лојалност, професионалност и дискретност,
- Одоговорност , чесност и уредност во извршување на секојдневните обврски,
- Почитување на семејните правила и вредности,
- Флексибилност во однос на работното време.
Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите биографии на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
За сите дополнителни информации кандидатите можат да се јават на телефонскиот број 071/ 262 802.
Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Останати огласи »